Таг: Бостон

36-годишниот Игудала беше на чекор од пензија, а сега ќе игра 6-то финале на НБА по ред

Мајами Хит го совлада Бостон Селтикс со 125:113, победи во финалето на Истокот со 4-2 во серијата и закажа мега дуел со ЛА Лејкерс за шампионска титула во НБА.

Од наш човек на теренот: репортажа за концертот на Дејвид Брн во Бостон

Тргнавме да пишуваме од трета рака за концертот на Брн во Бостон кога ни текна - па Илија беше таму! Не требаше многу убедување, да ни раскаже како си поминал.

Kучето вработено во музеј

Не е сиже на лектира за второ, ниту наслов на цртан филм. Вистинско куче, и тоа ловечко, e исто така вистински музејски работник. Со специфична задача.

Миротворец во соблекувална, силеџија на терен, актер во Холивуд

Во кариерата на Рик Фокс се впишани 930 меча во НБА лигата, 3 прстени со Лејкерси и актерска кариера. Во Бостон на тренинг го чувал Лери Бирд, а во Лејкерси бил жртва на терен за да не се повредуваат Шек и Коби, за кои вели дека ако не се карале толку ќе освоеле повеќе титули.

Како да извадиш пари од книжевен туризам

На боемската улица во Дебар маало единствено што можеме да ѝ замериме е дека е премала. А на целиот град дека не ги одбележува достојно местата каде живееле и работеле нашите писатели. 

Бостон добива смарт клупи

"Телефонот не служи само за телефонирање. Зошто тогаш клупите да служат само за седење?" мудро размислува бостонскиот Коце Трајановски.

Фотографијата која го одбележа маратонот во Бостон

Една година по бомбашките напади, маратонците се вратија на улиците на Бостон. Победи натурализираниот Американец од Еритреја, Меб Кефлезиги, а една фотографија од близината на целта ја врати вербата во човештвото.

Ловот на Џохар Царнаев

Во филмската акција по бомбашките напади на Маратонот во Бостон комплетниот град беше затворен, речиси секоја можна полициска единица и оддел беа ангажирани, и сето тоа за да се фати еден единствен човек.

Не си го продавај Кољо паркингот

Во една прилично напната аукција, жена од Бостон купила две паркинг места во едно од најпроблематичните места за паркирање во градот, по цена од - пола милион долари.

Купче вести од Бостон

- Чешкиот амбасадор во САД мораше со официјално соопштение да објасни дека има разлика меѓу Чеченија и Чешка.

- Адидас не може да постигне со производството на "трибјут" маички за Бостонскиот маратон.

- Магазините што на своите насловни ги обележаа експлозиите на Бостонскиот маратон.

Колку чини да се затвори Бостон на 1 ден

Поширокиот центар на Бостон деновиве беше речиси комплетно затворен (продавници, улици, фирми) како дел од потрагата по двајцата осомничени за бомбашкиот напад. Во овој период единствено работеше Данкин Донатс.

Бостон доби солидарност од најголемите ривали

По терористичкиот напад на маратонот во Бостон, пред почетокот на сите спортски манифестации екипите оддадоа почит со едноминутен молк, но некои ја искажаа својата солидарност и на поинаков начин.

Перфектниот ден кој се претвори во зло

Меѓу загинатите има и едно 8-годишно дете од Дорчестер кое излезе од публиката за да го гушне татко му кога го мина финишот. Таткото продолжи, детето се врати назад на тротоарот до мајка му и малата сестра. И тогаш бомбата експлодираше. Детето умре. На неговата мала сестра ѝ беше разнесена ногата. Мајка му беше тешко повредена. Ова е приказната на само едно семејство.

Терористички напад на маратонот во Бостон

Две експлозии одекнаа во близина на целната линија на еден од најпознатите светски маратони во Бостон. Најмалку три лица загинаа, а стотина се повредени. Мерките за безбедност се подигнати во цела Америка.

Грција од американска перспектива

За Американците вака изгледаат работите: Грција успеа да ја заглави цела Европа и да ги чини ЕУ и ММФ 240 милијарди евра, со економија помала отколку економијата на Бостон.

Фото цинкање

Во Бостон досега беше забрането фотографирање во јавниот превоз. Полицијата сега ја менува песната и охрабрува сликање, промовирајќи ја апликацијата со која можете директно да накодошите некој сопатник.