Наредникот Шон Марфи, од полицијата на Масачусетс, задолжен за тактичко фотографирање, ја документира целата акција пред и за време на апсењето на Царнаев.
Гневен на начинот на кој Ролинг Стоун магазинот го претстави Царнаев, Марфи оди во редакцијата на Бостон Магазин и им ги предава сите свои слики од вечерта, за да покаже "како изгледа вистинското лице на тероризмот," а не "пердувестата и разубавена" слика од насловната на Ролинг Стоун.
Марфи ги дава фотографиите и покрај тоа што е свесен за ризикот. Откако Бостон магазинот објавува 14 фотографии на Марфи, наредникот добива суспензија на еден ден. Кога магазинот ги објави и останатите фотографии Марфи е ставен на ограничена должност и е префрлен на друго работно место.
"Се надевам дека луѓето кои ќе ги видат овие слики ќе знаат дека ова е вистинското. Повистинско од ова не може," им порачал Марфи на луѓето од Бостон магазин, дента кога сликите биле пуштени во печат.
Ова се сликите од наредникот Шон Марфи: