Следниве неколку недели во парковите на главниот град на Масачусетс ќе се постават соларни клупи кои освен за сместување на ценетиот задник на граѓаните, ќе служат и за полнење мобилни телефони и таблети. Клупите исто така безжично ќе добиваат и пружаат корисни локални информации, како што е моменталниот квалитет на воздухот.
Клупите се дизајнирани од три млади инижинерки кои работат на еден старт-ап на МИТ.
"Сакаме градовите да ги апдејтираме за нашата генерација," вели една од нив објаснувајќи ја идејата за клупите на кои со енергија ќе можат да се наполнат и луѓе и нивните мобилни миленичиња.
Компанијата Циско се понудила бесплатно да се грижи за поставување и одржување на овие супер интересни градски реквизити. По Бостон, планот е вакви клупи да добие и Сан Хозе во Калифорнија.