Експлозиите одекнале два часа откако победниците ја поминале целта. Бомбите најверојатно биле поставени во канти за ѓубре и експлодирале во интервали од неколку секунди. Три лица се загинати, а преку 100 се повредени, а локалните медиуми јавуваат дека десетина од нив се во критична состојба.
Маратонот во Бостон е еден од најстарите и најпознатите во светот. На стартот на денешниот маратон се појавиле 23.326 натпреварувачи, а 17.584 од нив веќе ја имале минато целта во моментот на експлозијата. На улиците во Бостон имало половина милион гледачи.
Полицијата потврди биле пронајдени уште две експлозивни направи. Евакуирани се повеќе објекти во градот, а се превземаат посебни безбедносни мерки во Вашингтон и Њујорк.