Купче вести од Бостон

- Чешкиот амбасадор во САД мораше со официјално соопштение да објасни дека има разлика меѓу Чеченија и Чешка.

- Адидас не може да постигне со производството на "трибјут" маички за Бостонскиот маратон.

- Магазините што на своите насловни ги обележаа експлозиите на Бостонскиот маратон.

Петр Гандалович, чешкиот амбасадор во САД, мораше итно да реагира со официјални соопштенија откако на социјалните медиуми настана забуна околу тоа од која држава доаѓаат Чеченците.

"Како што се појавуваат се повеќе информации за потеклото на наводните извршители, загрижен сум дека на социјалните медиуми забележувам едно многу несреќно недоразбирање. Република Чешка и Чеченија се два различни ентитети - Чешка е централно-европска држава; додека Чеченија е дел од Руската федерација."

Тој го дополнил писмото потсетувајќи на соработката и партнерството меѓу Чешка и САД.

------------------


Адидас, официјалниот партнер за спортска опрема на маратонот во Бостон, соопшти дека ги продал сите "трибјут" маички пуштени по бомбашките напади.

Маичките на кои беше испишано "Boston stands as one" се продаваа за 26,20 долари (цената ја симболизира должината на маратонот во милји).

Комплетната сума од продажбата ќе биде донирана за One Fund Boston, фонд основан за помош на настраданите во нападот. Годинешниот маратон беше 25-та трка како Адидас е официјален партнер за спортска опрема. За оваа позиција брендот плаќа околу 300.000 долари годишно.

------------------
Насловните на некои од магазините по настаните во Бостон:

 

 

 

 

 

20 април 2013 - 14:17