Чен Пенбин никогаш не се замислувал како маратонец, бидејќи неговата желба била да стане рибар и да формира здружение на рибари. Со тоа се заразил од татко му, а за трска поактивно се фатил откако завршил школо.
Дека го бива за далеку подинамичен и понапорен спорт се покажало во 2000 година кога се пријавил за прв пат на натпревар кој нема никаква врска со рибарење.
„Победив на натпревар по правење склекови и на првото мое пријавување направив 428. Од тогаш ме има на сите видови натпреварувања поврзани со издржливост. Во 2009 година бев дел од натпревар на кој не се пријавив само за пари. Кога го видов знамето после победата, тоа ме трогна и ме мотивираше по што ми дојде идејата да трчам на седум континенти“, вели Чен.
Откако лани стана прв со таков подвиг, следниот предизвик на 37 годишниот Кинез е пат од 4.219 километри кој планира да го истрча за 100 дена или во просек по околу 40 км дневно.
Првиот ден Чен го истрча во Гуанџоу и мина 42,195 км, а поддршка доби од поранешната НБА ѕвезда Јао Минг кој е амбасадор на Кина во кандидатурата за Зимските олимписки игри 2022.
„Ултра маратон не значи само долга патека, туку и издржливост. За време на 100-те маратони, ќе треба да трча многу долго време. Ме потсети на Форест Гамп“, изјави поранешниот центар на Хјустон Рокетс.
Упорниот Чен утре од Гуанџоу продолжува за Донгуан, а потоа ќе помине повеќе градови за да на крај да стигне до Пекинг на 10 јули.