Лудиот Ирец и неправдата на Игрите во Атина 2004

Еден од најдобрите бразилски маратонци во историјата, Вандерлеи Де Лима ќе ја памети Атина додека е жив, но поради лудиот Ирец кој не му дозволи да стигне до златниот медал.

Беше многу блиску да го оствари својот сон и да го освои олимпиското злато, со што ќе станеше првиот Бразилец во историјата кој освоил злато во маратон на Олимписки игри.
 
На 29. август 2004 година, Бразилецот трчаше како во транс. После 35-от километар имаше голема предност во однос на големиот ривал Италијанецот Стефано Балдини и речиси сите беа уверени дека Де Лима ништо нема да го спречи да му се радува на златото.
 
Тогаш во еден момент на патеката влета еден гледач од Ирска, по име и презиме Корнелиус Хоран во знак на некој само нему разбирлив протест, го зграпчи Де Лима и го отстрани од патеката. Во ист момент извесен Грк Поливиос Косивос му помогна на Бразилецот да се ослободи од лудиот Ирец, но веќе помина половина минута, што беше доволно да го стигнат а наскоро и да го престигнат.

Балдини заврши прв, Американецот Кефлезиги заврши втор, а Вандерлеј Де Лима успеа јуначки да истрча до бронзата и заврши трет. Инаку Ирецот Хоран година дена претходно истрча за време на Ф1 трката во Силверстоун (Велика Британија).
 
После трката, Олимпискиот комитет на Бразил поднесе жалба и барање на Де Лима да му се додели олимпиското злато, но МОК го одби тоа барање и реши на Бразилецот да му ја додели почеста „Пјер Де Кубертен“ која што се доделува за ширење на спортскиот дух.
 
Најголемата неправда на ОИ во Атина 2004: