Иако не е поврзано со некаква годишнина, чукун-внуката на Толстој организира масовно, четиридневно читање на „Војна и мир" на нејзиниот предок низ светот. Целата работа почна вчера (08.12), со 1.300 луѓе во повеќе од 30 градови кои се подготвени да го дадат својот придонес во овој проект, oсмислен ко за светски рекорд.
Секој од учесниците ќе чита 2-3 минутен извадок, а планот е да се помине по еден том од книгата дневно. За да се сфати обемот на зафатот можеби е подобро да се смета во зборови - во „Војна и мир" ги има половина милион.
Една од познатите личности којашто ќе чита е полскиот режисер Анджеј Вајда, а нему ќе му се придружат и повеќе други актери, политичари и ученици, а тоа веќе го стори и еден космонаут. Видео стримот оди на посебниот канал за култура на Руската телевизија (можете да го следите тука) Се почнува во десет наутро, а се завршува во еден-два по полноќ.
Пред почетокот на читањето за истото се пријавиле повеќе од 6,000 луѓе. Помеѓу нив веројатно се и оние 3,000 за кои пишувавме дека се пријавиле за ударничко коректорско читање на скенираните дела на Толстој, за тие да бидат поставени онлајн. И за ова Лав треба да ѝ благодари на неговата чукунвнука, новинарката Фјокла Толстаја.
„Ова е најголемото читање на Војна и мир во светот. И е многу демократско: може министер за култура да чита веднаш до студент од Владивосток, голем актер а веднаш по него возрасна госпоѓа од библиотека во Сибир", изјавила Толстаја. „За мене тоа покажува дека сите сме еднакви кога зборуваме за литература - секој може да се најде во оваа книга."
Рускиот огранок на семејството ќе чита од семејниот имот на Толстој, Јасна полјана, кадешто е и напишан славниот роман. Од останатите славни личности свое учество најавил Андреј кончаловски, директорот на балетот Бољшој и спикерот на горниот дом на Рускиот Парламент, Валентина Матвиенко.
Во моментот кога се приклучивме на стримингот дел од книгата на течен руски читаше студент од Пекинг. Иако сето ова делува импресивно, ние на овие години сме сепак повеќе со Вуди Ален: