Што ќе беше литературата без годишнини? Без нив класичните автори немаше да бидат реиздавани, немаше да бидат снимани нови филмови посветени на нивните дела и животи, немаше да има нови биографии кои содржат дотогаш непознати пикантерии, културните рубрики на весниците ќе беа празни, спомените на некои важни настани избледени.