Find/Replace All

Кога „пали" ќе стане „ќоше"

Не дека во книгите на хартија нема грешки (во некои и повеќе од една), ама ваква ни е тешко да замислиме.

Филип Хауард ентузијастично си ја читал „Војна и мир" на неговиот Нук ридер, достапна за 0.99$, кога забележал чуда реченица: „Капетан Тушин, откако издаде наредби на неговата чета, седна покрај логорскиот оган кој војниците го имаа нукирано (Nookd) на патот".

Како, како?

Откако повторно го забележал овој збор онаму каде што не му е местото, и така 700 пати, сфатил дека секое "kindle" (пали оган, осветлува, инспирира, но и име на е-читачот Амазон Киндл) било заменето со „Nook" (ќоше, но и име на е-читачот на Барнес и Нобл). Откако Филип го обзнанил ова на неговиот блог, инженерите од Нук реагирале дека не е проблемот во нивниот софтвер, кој наводно не прави промени во текстот, туку до издавачот. Така, најверојатното објаснување е дека кога Киндл верзијата на книгата била преработена со софтвер кој е пријателски настроен кон Нук, тој ги нашол и заменил сите референци кон конкурентската компанија, што очигледно било востановена пракса.

Очигледно никој во компанијата не помислил дека ваквото автоматско заменување може да влијае, и тоа во толкава мера, и врз „Војна и мир“. Па и овој па Толстој, толку огнови низ цела книга да се имало. Мрш у ќош!

9 јуни 2012 - 15:00