Неодамна објавивме статија за нова теорија за потеклото на лубеницата. А непосредно потоа ја видовме и првата џиш-црвена полутка во блиската пиљара. Така умот неделава ни стана лубеницо-ориентиран. Кога ја видовме оваа статија во Њујорк Тајмс мислевме дека нешто ни се причинува.
Прво, дефанзивецов има мев како на 50 годишник кој игра со другарите во сала, второ, трча тромаво и несигурно и трето не знае основни фудбалски правила, а тоа е да ја подаде како што треба. Инаку ова е меч во Јамајка.
Некој прогнозер во Јамајка кога видел дека во кладилница му го згрешиле типувањето, се затрчал да смени но веќе било касно. И среќа негова што било доцна.
САД се домаќини на јубилејната Копа Америка која првпат се играла пред 100 години. Просекот на гледаност е далеку поголем од лани, но организаторот направи неколку грешки со химните. Најпрвин на Чилеанците за време на сред интонирање химна им го пуштија пеачот Питбул, а потоа на Уругвајците им пуштија химна на Чиле.
Иако има 127 настапи за Шведска и е трет по број на репрезентативни настапи, Андреас Исаксон кој брани за Касимпаша на додавањето на Бугаринот Страхил Попов реагираше како прв пат во живот да брани.
Со години е столб на одбраната на Арсенал, но и со години прави неочекувани грешки во последниот ред. Навивачите на Арсенал се поделени, Венгер и управата му веруваат.
Ахед од Либан против Алтун Асур од Туркменистан се сретнаа во натпревар од азискиот Куп кој заврши 2:0 за домаќините затоа што голманот на гостите заборави што му е работа.
Затоа што кога тогаш напаѓачите ќе улетаат на некој бавен голман или пимплач со топката. Најупорениот ова коло го пронајдовме во Австралиското првенство.