И пред електронските читачи, за кои велат дека имаат предност пред хартијата затоа што собираат голем број книги во едно апаратче, имало обиди за правење ваква портабл верзија на библиотека. Една од нив е од Британија, од 1617.
Како поттик за авторите кои сами објавуваат на Амазон, компанијата прв пат додели награда за најдобро дело-самиздат, трилер под наслов „Ловец на реликти“.
„Самиздат“ за наш менталитет сè уште одѕвонува како „книга што никој не сакал да ти ја финансира и објави, па си морал сам“. Светскиот пазар пак на дигитални изданија за повеќето наши автори е како друга планета. Ама некои од нив се осмелиле, а сега можат да бидат и наградени.