Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

„Битка по битка“ на Пол Томас Андерсон со најмногу Оскари

16 март 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Политичкиот трилер „Битка по битка“ на режисерот Пол Томас Андерсон беше најголемиот победник на доделувањето на Оскари 2026, освојувајќи вкупно шест награди, меѓу кои и Оскар за најдобар филм. Филмот, во кој главната улога ја игра Леонардо Ди Каприо, ја следи приказната за милитантни активисти во САД што се борат за правата на мигрантите. Пол Томас Андерсон за првпат во кариерата освои Оскар – и тоа за најдобар режисер, најдобро адаптирано сценарио и како копродуцент на филмот.
  • Главниот фаворит по бројот на номинации, филмот „Грешници“ на режисерот Рајан Куглер, имаше рекордни 16 номинации и на крај освои четири Оскари. Мајкл Б. Џордан ја доби наградата за најдобар актер за двојната улога во „Грешници“, победувајќи ги номинираните Леонардо Ди Каприо и Тимоти Шаламе.
  • Оскарот за најдобра актерка го освои ирската актерка Џеси Бакли за улогата во драмата „Хамнет“, каде ја игра сопругата на Вилијам Шекспир.
  • Шон Пен го освои третиот Оскар во кариерата – за најдобра споредна машка улога, за ликот на корумпиран воен офицер во „Битка по битка“.
  • За првпат во историјата на наградите, Оскарот за најдобра камера го освои жена – снимателката Отом Дуралд Аркапо за филмот „Грешници“.
  • За првпат беше доделена и нова награда за најдобар кастинг, која ја доби Касандра Кулукундис за филмот „Битка по битка“.
  • Во категоријата за најдобар краток филм имаше ретко изедначување, па наградата ја поделија филмовите „Пејачи“ и „Двајца луѓе разменуваат плунка“.

    (фото: EpaImages)
извор

„Лажливиот професор од Кембриџ“ пронајден мртов

15 август 2026
  • Share
  • Post
  • Џејсон Ардеј (41), поранешен професор на Универзитетот во Кембриџ, кој неодамна се најде среде скандал поради голем број сомнителни моменти кои довеле до негово назначување за професор по социологија на образование во оваа институција, е пронајден мртов во јужен Лондон во петокот (14.08.) навечер. 
  • Неговото семејство изјавило дека „кампањата од дезинформации“, поврзана со обвинувања за плагијат на неговиот докторат и измислување биографски детали, поради кој неодамна поднесе оставка, е виновна за смртта.
  • За Ардеј и целиот случај пишувавме тука. 
извор

Македокс бр. 17 од 20-27 август

12 август 2026
  • Share
  • Post
  • Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи од 20 до 27 август во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, „Лабораториум“ и Албански театар во Скопје.
  • Фестивалот ќе биде отворен на 20 август во Куршумли ан со проекција на краткиот филм „Цвеќињата стојат молкум, сведочат“ на Тео Панагопулос и долгометражниот документарец „Кон запад, во Запата“ на Дејвид Бим. Во целокупната програма на фестивалот се предвидени проекции на 71 филм.
  • Фестивалското мото „Само сонот е стварност“ е наслов на песна од Тин Ујевиќ, но и на книга на една од нашите најзначајни македонски филмолози и филмски критичарки, Илинденка Петрушева.
  • Земја во фокус годинава е Шпанија со избор од најавтентичните и највозбудливите остварувања на тамошната современа документарна сцена. Програмата се одликува со силен авторски печат, визуелна смелост и тематска разновидност, а ќе вклучи и избор на кратки документарни филмови од Канарските Острови и експериментални краткометражни дела од Перу.

Целата програма по денови тука

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Нестварни се Србиве

Балканштина
2

Тендер на „Бардовци“ заврши во фирма на братучедот на директорот

3

Охрид е најубав, ама и Австралија има за излегвење

Разно
4

А вие за Гоце се чудите

Балканштина
5

Југославија се собра во Аталанта

Фудбал
6

Алиби до алиби

Балканштина
7

Српски коментаторски таленти 4

Балканштина
8

Колкав е долгот на Америка? „Многу“' е малку да се каже

Свет
1

Победил на Олимпијада, ама мртов

Bookbox
2

Букбокс на Македокс: „Руини“ (МК, 2026)

Гледанка
3

Кога биографијата станува фикција: од Мари Софи Хингст до Џејсон Ардеј

Bookbox
4

Везачи, кажете како да се роди...

Bookbox
5

„Бекрумс“ - хоророт што треба да го гледате и ако не гледате хорори

Гледанка
6

„Социјална зараза“: како една мравка може да промени однесување на цел мравјалник

Bookbox
7

Букбокс читанка: „Моби Дик“ или пофалба на еден велји-превод

Читанка
8

Доли Партон и нејзината љубов кон пеперутките

Bookbox
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Алиби до алиби

Балканштина

Нестварни се Србиве

Разно

Охрид е најубав, ама и Австралија има за излегвење

Балканштина

Српски коментаторски таленти 4

Балканштина

А вие за Гоце се чудите

Балканштина

После ваков коментар, дигаш раце од кариера

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Ивица и неговиот Инстаграм

Бато, хтела сам спикати

Не постои такво нешто како "дроља"

Бабата и високото образование

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy