Во 1874 Степан Адреевич Берс објавил книга под име „Готвачот" и ѝ го подарил на неговата сестра, грофицата Софија Андреевна Толстаја, сопругата на големиот Лео Толстој. Книгата била збирка семејни рецепти на семејството Толстој, и на такви кои биле подготвувани секојдневно, и такви за посебни прилики.
По 150 години, овој готвач сега е преведен на англиски и повторно објавен од Сергеј Белтјуков, достапен само за Киндл, под наслов „Книга рецепти на семејството на Лео Толстој". Содржи десетици предјадена, главни јадења и десерти, од тартар сос и зачинети печурки, преку полнети кнедли и грав, до колач со кафе и Виенска пита. Секако, преведени се и руските мерки кои се користеле во тој период. Еве го рецептот за макарони и сирење на Толстој, кој иако звучи преедноставно има неколку финеси, од путерот, до редењето во слоеви:
Завријте вода, додадете сол, додадете ги макароните и оставете ги да се варат дур не бидат до пола варени. Исфрлете ја водата, додадете путер и почнете да ги враќате макароните назад, ама во слоеви - слој макарони, потоа рендан пармезан и сос од зеленчук, повторно макарони и така до крај. Вратете го тенџерето на работ на ринглата, покријте го со капак и оставете го на тивок оган додека макароните сосема не омекнат. Протресувајте го тенџерето од време на време за да не ви загорат.
Bon appétit! - што би рекле руските аристократи на течен француски.