Зошто Толстој го мразел Шекспир?

Да кажеш за Шекспир дека е „мех“, па дури и дека го мразиш, е рамно на богохулие. Оние кои отпорашки се изјасниле на овој начин заслужуваат почит, ако ништо друго поради нивната храброст да му контрираат на големото мнозинство.

Откако поминал само три години како тетарски критичар, Џорџ Бернард Шо се почувствувал повикан да посочи на „испразноста на шекспировата филозофија“. Толкин бил познат по својот презир кон бардот, а Волтер не можел да зборува за него без да му зоврие крвта. Сепак, ниту еден книжевен џин не го мразел Шекспир како Толстој.

Роден во аристократско семејство, Лав Николаевич бил изложен на „Хамлет“ и „Магбет“ од рана возраст, и бил вознемирен кога сфатил дека е единствен помеѓу неговите пријатели и роднини кој не смета дека станува збор за ремек-дела. Шегите му биле „исплакнати“, игрите со зборови „незабавни“. 

Кога ги прашал своите колеги Иван Тургењев и Афанасиј Фет - двајца писатели на кои им се восхитувал - да му објаснат што е тоа што го прави Шекспир толку „голем“, тие му одговарале со општи места. Толстој мислел дека можеби ќе го сфати и цени бардот на поодмината возраст, но откако по кој знае кој пат го препрочитал кога имал 75 години, и повторно останал со истото чувство, одлучил својата критика да ја пренесе на хартија. 

Станува збор за есеј излезен во 1906, во кој Толстој ја става под знак прашање способноста на бардот како драматург. Неговите ликови се поставени во неверојатни околности, со идентитети кои се менуваат како во сапунски опери, без конзистентност во нивното однесување кое се менува согласно потребите на заплетот. За разлика од ова, руските писатели од тоа време внимавале секој лик во прозата да има свој специфичен „глас“, кој варирал согласно возраста, родот или класата. Принцезите зборувале суптилно и имале богат речник, додека пијаните селани пелтечеле и се тетеравеле. Но Шекспир секогаш пишувал во истиот стил па „зборовите на еден лик лесно може да се стават во устата на друг, а по говорот е невозможно да се сфати кој зборува“.

Но Толстој не го проучувал Шекспир за самиот себеси да си објасни зошто не му се допаѓа, туку за да сфати зошто сите останати се толку маѓепсани од неговите дела. Во дискусиите со нив тој наишол на таков отпор „каков што вообичаено се среќава кај сите бранители на догми, не разумски туку базирани на вера“. 

Приврзаноста кон Шекспир тој оттаму ја споредува со религија, а како еден од главните „пророци“ на Шекспир го прогласува Гете, кој ги издигнал неговите дела од забава за ниската класа во такви напишани од непресушен книжевен гениј. Шекспировата естетика одговарала на романтичкиот сензибилитет, но не и на оној на Толстој, кој сметал дека уметноста не треба да биде само „убава“, туку и да има социјална функција. 

Шекспир секако не бил во можност да одговори на овие обвинувања, но тоа го сторил неговиот сонародник, Џорџ Орвел. Во својот текст „Лир, Толстој и Будалата“ од 1947. Помеѓу другите аргументи, тој тврди дека „не постои друг тест на книжевната вредност освен опстанокот, кој самиот е индекс на мислењето на мнозинството“. Истовремено го критикувал Толстој за ставот дека писателите треба да бидат „искрени“ и да направат „нешто важно за човештвото“, бидејќи обата услови се прилично неодредени, и прашање е и колку и самиот Лав се држел до нив. Најјакиот коментар е всушност цитат од „Крал Лир“, парафраза на говорот на кралот по смртта на Корделија: „Повторно грозните изливи на Лир, од кои човек се срами, како да се несмешни шеги“.

извор

23 септември 2021 - 09:49