таг: орвел

По повеќе од 70 години: цензурираниот текст на Орвел за британската кујна

Кога прв пат прочитавме дека текст на Орвел неодамна е изваден од бункер, си помисливме дека човекот на времето рекол нешто против кралицата, можеби опцул некој сојузник или го најавил брегзит. Ама не, причината за цензура е многу побанална - „варварските“ прехранбени навики на Британците. Повеќе

Четири причини зошто писателите имаат потреба да пишуваат

Некои тоа го прават заради слава, други за пари, трети за џабе. Според различни теории, пишувачкиот поттик е поврзан со сексуалните нагони, со потребата човек терапевтски да се испразни или пишувајќи да се обиде да воспостави контрола над светот и сопствениот живот. Но според Орвел сè се сведува на само неколку причини. Повеќе

„Алтернативни факти“ или среќна нова 1984-та

Орвеловата дистопија повторно се качува на врвот на бестселер листите. И како што тргнале работите, речникот на новоговор наведен во нејзиниот апендикс изгледа ќе треба редовно да се освежува со нови креативни решенија, за новите генерации.  Повеќе

Биографија на носот на Орвел

Славниот британски писател бил многу чувствителен на мириси. На овој необичен аспект на неговиот лик и дело е посветена нова книга, под наслов „Орвеловиот нос: патолошка биографија“. Повеќе

„1984“: ремек-делото што му го скрати животот на Орвел

Објавен на денешен ден, 8 јуни 1949, „1984" е еден од најзначајните романи во светската книжевност. „Големиот брат", „новоговор", „орвеловски" се асоцијации за репресивни времиња и режими, кои и денес се исто толку актуелни колку и во времето на појавување на книгата, која за малку никогаш немало да биде завршена. Повеќе

Орвел за шпанските анархисти

По одличните резултати на левицата во првиот круг локални избори во Шпанија oд пред неколку дена, политичкиот пејсаж на оваа земја почнува да се менува. „Индигнадосите" ги потиснаа и десничарите и традиционално второпласираните партии од центарот. И во далечната 1936 радикално левите револуционерни сили владееле со Шпанија. А таму, за да се придружи на нивната борба против фашистите, дошол Орвел. Повеќе

Посни муабети

Божиќен пост. Морав да се смирам малку по последниот излив на револт против неразумноста за да се склопи приказнава. Всушност, ме смири ситуацијата на теренот, ама за тоа потоа. Повеќе

Вистинскиот духовен татко на „Фарма“
Од саемот на книги во Белград

Во Белград е во тек традиционалниот Саем, на кој се претставуваат голем број нови автори, но и изданија на класични дела. Eве како овие манифестации придонесуваат за образование на широката читателска публика. Повеќе

Што би рекле Кафка и Орвел?
Обрачот се стега, пазете се дечиња

Коментирајќи ги најновите контроверзи околу владиното следење на интернет, Обама изјави: „Теориски може да се жалите во врска со Големиот брат и дека ова е потенцијално агресивна програма, но ако ги погледнете деталите, тогаш мислам дека го имаме вистинскиот баланс".  Повеќе