Како што известува порталот Њуз.нет, Марко Блажиќ (28), студент по спортски менаџмент, кој веќе три години редовно го посетува Саемот, се воодушевил од откритието дека „Фарма" ја напишал Орвел.
- Не знаев дека интересирањето за нашите ријалити шоуа стигнува дури до Америка. Иако немав време подетално да ја разгледам книгата, во секој случај ќе ја купам, затоа што очекувам дека авторот употребил повеќе драма и фантазија отколку што има во самата програма - вели Марко за Њуз. - Едвај чекам да видам на кој начин Орвел го опишал Екремовото бакнување на стапалата на Венди, и она кога Мики Ѓуричиќ со цигла ја гаѓаше Јелена Голубовиќ затоа што му скрила шише Кока-кола - додал тој.
Марко вели дека посебно го воодушевило тоа кога од продавачката слушнал дека Орвел напишал и книга за Големиот брат.
- Овој лик баш ги следи нашите реални шоуа и е вистинско откровение на овогодишниот Саем. Единствено се надевам дека во книгата не открива баш се што ќе се случи на Фарма до крајот на програмата, бидејќи би ми било тешко тоа да не им го пренесам на роднините и пријателите - рекол Марко.
Иако вели дека и самиот редовно ги следи домашните програми, овој студент тврди дека Орвеловата опседантост со домашните шоуа сепак му делува малку бизарно.
- Што е следно, да не е можеби роман за Парови? - се праша на крајот од разговорот овој посетител на Саемот.
* Њуз.нет е српски сатиричен портал