Кетрин Свицер во 1967-та година била студентка која уживала во трчањето, но само рекреативно. Во тоа време жените не учествувале во маратонските трки. Најпознатата маратонска трка во САД, маратонот во Бостон 70 години бил трка на мажи и покрај тоа што во официјалните правила никаде не пишувало дека на жените им е забрането учеството.
Таа година Кетрин заедно со својот дечко и нејзиниот тренер решиле да учествуваат на трката, но за да не ја одбијат таа се пријавила со иницијалите К.В. Свицер.
По само неколку километри таа го привлекла вниманието на останатите маратонци, новинарите, но и на организаторите на трката. Директорот на трката, Џок Семпл лично дошол да ја отстрани и тоа на најгруб начин, пробувајќи да ја одвлечка извикувајќи: „Дај ми го бројот и губи се од мојата трка!".
За среќа крај Кетрин трчале нејзиниот тренер, но и дечко и Том Милер кој бил рагбист. Том го исфрлил директорот со „бодичек", а овој момент го уловија и медиумите, по што фотографиите веднаш се најдоа низ весниците во целиот свет.
Кетрин ја заврши трката и тој момент беше почеток на борбата за укинувањето на ограничувањата на жените на трките на долги патеки. Во тоа време најдолга трка за жени на Олимписките игри била трката на 800 метри. Пет години подоцна, на жените и официјално им било дозволено да учествуваат на маратонот во Бостон, а првата маратонска трка за жени била вклучена на програмата на Олимписките игри дури во 1984-та година.