Организаторите на маратонот во англискиот град Сандерленд мораа да испратат засрамувачко извинување до натпреварувачите кога ги информираа дека не го истрчале целиот маратон на 28 април.
Натпреварувачите добиле погрешна насока од организаторите и скршнале на погрешна улица. Само победникот на маратонот, Џејк Харисон не ја промашил улицата и истрчал 42,195 километри. Тој бил воден во точната насока од страна на мотор кој се движел на чело на трката, но тој имал голема предност и бил надвор од видикот на останатите натпреварувачи на кои им била дадена погрешна инструкција за насоката.
Спорната делница била во близина на целта и сите останати околу 5.000 натпреварувачи кои биле упатени на погрешната улица, истрчале 264 метри помалку.