Кој е тренерот кој го води Баерн Минхен место Компани?

Четириесет и три годишниот Арон Данкс ќе го оствари својот сон и макар привремено ќе биде главен тренер на Баерн Минхен, додека Венсан Компани е на принуден одмор од здравствени причини.

На тренерот на Баерн Минхен Венсан Компани пред повеќе од една седмица, на 23-ти октомври во петокот напладне, додека гледал тренинг на резервниот тим на Баерн Минхен, Баерн Минхен У-23, му се слошило и тој паднал на земја при што си го повредил и рамето.

Веднаш бил пренесен во болница со амбулантно возило. После 5 дена детални анализи и прегледи, тој бил пуштен на домашно лекување во средата. Лекарите му препорачале да одмара најмалку до средината на ноември, односно по завршување на репрезентативната пауза во Лига на Нации.

КОЈ ЌЕ ГО МЕНУВА ДО ТОГАШ НА КЛУПАТА?

43-годишниот помошник на Венсан Компани, Арон Данкс ќе биде привремена замена на Венсан Компани на клупата на Баерн Минхен.

Во април месец годинава Данкс веќе еднаш го менуваше суспендираниот Компани во лудото полуфинале против ПСЖ кога Минхенците за малку не се вратија во игра (вкупен резултат од тој двомеч беше 4:5 за ПСЖ).

Сега Данкс веќе ги водеше Хари Кејн, Микаел Олисе, Ким и останатите на три натпревари: победија 3:1 против Фрајбург, 6:1 против Магдебург и одиграа нерешено 2:2 во дербито со Борусија Дортмунд.

Најинтересно е што и кога Компани е здрав и е со екипата, Данкс ги води тренинзите. Тој има повеќе од 20-години искуство со тренинзи а ја водел и младинската репрезентација на Англија.

На улицата „Зебенштрасе“ кај Баерн, го викаат Данкси.

СТАНАЛ ТРЕНЕР НА 16 И РАБОТЕЛ АНАЛИТИКА

Арон Данкс никогаш не бил професионален фудбалер. Тој учел и живеел во Бирмингем, но на 16 години го напуштил класичното школување и станал тренер-почетник во локален клуб.

Малиот Данкс бил задолжен за развој на фудбалот во локалните заедници. Се сеќава самиот како посетувал школи и детски кампови, „носев во торбата по неколку торби со топки и автобуска карта“.

Таа негова посветена работа ја забележале луѓето од Вест Бромвич каде го виканел да работи за нив. Добил конкретна задача во академијата на овој клуб: да оснува одделение за видео-анализа. За аналитика.

Пресврт во кариерата му се случил во 2016-та година кога е повикан од Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).

Во тоа време Сојузот воведувал систем специјализран за тренери за младите репрезентативни селекции на Англија. Додека помошните тренери се фокусираа на вкупниот учинок на тимот, сега им се доделени конкретни, поединечни одговорности како унапредување на играта на екипата без топка или со неа, односно работа на прекини итн.

Данкс од старт пројавил голем ентузијазам. Почнал како тренер за работа со топка а до 2019-та година веќе бил на чело на одделението на специјализирани тренери. Исто така бил дел и од стручниот штаб на Англија У-20 која го освои Светското првенство за играчи до 20 години во 2017-та.

Соработувал тесно со тогашниот селектор Гарет Саутгејт кој меѓу останатите придонел за развојот на Џуд Белингем и Џамал Мусиала.

Арон исто така и учествувал во изработка на England Playbook - интерактивен водич низ принципите на игра на англиските репрезентации. Мет Крокер, поранешниот технички директор на сојузот го опишува како пионир во индивидуалниот развој на фудбалерите.

„Во почетокот го гледав својот престој во сојузот како на тригодишен универзитетски курс. Но толку уживав што три години се претворија во пет. Сакав да усвојам што е можно повеќе знаење и да разговарам со поголем број луѓе“.

Во сениорски фудбал Арон Данкс преминал во 2021-ва година и тоа по иницијатива на Венсан Компани. Белгиецот го забележал уште во играчка кариера, се запознале и го сметал за еден од најталентираните тренери во Англија. Во Андерлехт кога Компани беше тренер, Данкс се задржал само два месеци а после работел во Астон Вила како помошник на Дин Смит и Стивен Џерард, па и во Мидлзборо кај Мајкл Керик.

Во летото 2024-та Компани лично барал Баерн да го доведе и него во стручниот штаб.

КАКО ДАНКС ГО СФАЌА ФУДБАЛОТ?

Благодарение на раниот старт, Данкс веќе има 27 години тренерски стаж. Не секој возрасен стручњак може да се пофали со такво искуство. Арон многу учи, во таа смисла и од тренерите од други спортови.

Тој формуирал главни принципи:

1. Играч мора постојано да се усовршува индивидуално и да има задоволство од тоа. За време на работата во англиската ФА, Данкс патувал во САД каде што ги набљудувал Голден Стејт Вориорс во НБА. Тоа патување му ја сменило претставата за тренинзите.

Данкс бил на терен кога Стеф Кари час пред многу важен натпревар во доигрувањето за титула, одработувал шут за три поени со личен тренер. Арон го снимил тоа на видео и му го покажал на својот шеф во федерацијата Мет Крокер кој бил воодушевен: „Ако индивидуалната работа му е потребна на најдобриот шутер на светот, тогаш зошто да не е задолжителна и за сите во фудбалот“?

На Данкс му се допаднала и атмосферата во Голден Стејт: играчите се опуштаат со музика, се шегуваат и релаксираат. „Ги прашував тренерите како добиваат максимална ефективност од играчите во најважни моменти? Ми рекоа дека момците просто сакаат да бидат тука“.

Тамус фатил дека кошаркарите интензивно тренираат дури и на мечот на натпреварите за разлика од фудбалот.

„Во НБА календарот е неверојатно густ, играат преку еден ден. Но играчите пак доаѓаат во сала три часа пред почетокот и тренираат. За време на паузите им се прикажуваат видео-снимки. „Еве како игравте минатиот натпревар, во оваа ситуација можевте подобро да реагирате, но во овој дел подобро се снајдовте“. Или: „Денес еден одреден играч стриктно ќе ве чува. Обрнете внимание на овие конкретни акции“.

2. Тренинзите треба да ги спремат играчите за непредвидливоста на натпреварот. Како? Низ координирано делување на стручњаци од разни области.

Данкс ја проучувал структурата на стручни штабови во хокеј, раги и американски фудбал. Најмногу го импресионирал концептот „групно тренирање“ (pack coaching) при кој неколку стручњаци истовремено работат со играчите во текот на една вежба.

На крајот ис амата игра се состои од бројни сегменти кои се претопуваат еден во друг: посед на топка, пресинг, транзициона фаза, прекини и индивидуални потези.

„Зошто еден тренер не би бил задолжен за одреден аспект на тренинг а друг да им помогне на конкретни фудбалери да го остварат својот полн потенцијал?“, велел Данкс уште во 2019-та

Рекол и дека овој пристап е полесен за самите играчи: тие можат да разговараат за конкретен сегмент од својата игра со стручњак специјализиран за таа област.

Данкс еднаш презел и еден тип на тренинг од англиската рагби репрезентација кој се вика „Ден на хаосот“. Играчите постојано се префрлаат од една на друга вежба и намерно се доведуваат во непредвидливи ситуации.

„Во фудбалот се обидуваме да држиме логични структури: три вежби траат по 20 минути, после што следи половина час пробен натпревар. Но самиот натпревар е непредвидлив! Може да имаш 20 минути стандардна игра, па 15 минути со постојани ситуации со прекини“.

 

3 ноември 2026 - 12:49