"Игрите 420" имаат за цел да ја тргнат стигмата од милиони луѓе кои одговорно и здраво користат канабис а надворешниот свет главно ги гледа како мрзливи и демотивирани камења.
Минатата година се одржаа во Сан Франциско а годинава игрите се прошируваат и во Денвер, Лос Ангелес, Сиетл и Портланд. Се трча маратон од 4,2 миљи (6,7 км) а ќе има и трки со маунтинбајк и веслање на штица.
Лани имаше околу 500 учесници, годинава се очекуваат многу повеќе, огромен дел од нив се надувани иако организаторите ги замолуваат да не тегнат баш на стартната линија.
И тоа не е сè. По трката следува дегустација на пиво и бесплатен концерт.
Марихуаната е комплетно легализирана во Аљаска, Орегон, Колорадо и Вашингтон, декриминализирана е во други 15 држави и многу повеќе градови а Барак Обама порача дека не гледа како е таа поопасна од алкохолот.
Марихуаната победува на сите трки во Америка.