Светското првенство во Атлетика викендов почна во духот на најголемиот фер плеј евр, што може да се види на една маратонска трка.
Се одржува во пеколниот Катар, поради кој за прв пат во живот во 2022-та нема да гледаме мундијалски фудбал на лето, туку пред нова година.
Браима Дабо од Гвинеја Бисау остана без медал на трката на 5.000 метри, но затоа направи подвиг за кој светот ќе зборува со години.
Пред него го забележа Џонатан Басби од Аруба кој кутриот едвај стоеше на нозе. Го фати под мишка и заедно клај клај ја финишираа трката.
Целта ја минаа со околу 5 минути побавно од првите, но затоа добија непроценливи аплаузи и овации.
Џабе клими по стадионите во Доха кога колабираат луѓето.
„Целта беше да ја претставувам мојата земја чесно и среќен сум што можев да му помогнам на друг тркач. Видов дека не трча како што треба и сфатив дека нема да ја заврши трката. Одев на личен рекорд, но кога сфатив дека не можам, подобро беше да му помогнам да заврши бидејќи тоа е цел на секоја трка“, вели Дабо.
¡RESPETO💪🙏! El compañerismo de Braima Dabó, atleta de Guinea Bisau, se robó el corazón de los fanáticos. Ayudó a Jonathan Busby, de Aruba, a terminar la prueba de 5.000 metros en el Mundial de Doha. ¡De eso se trata el deporte! #WorldAthleticsChamps pic.twitter.com/ufKOfZDu5Q
— Toque Sports (@ToqueSports) September 27, 2019