Сторијата за атлетичарот Јеман Крипа кој стигна до учество и одличен пласман на Светското првенство во Доха, е една од оние како и за многу други деца кои ни криви ни должни се раѓаат во земја каде тешко е да преживеат, а не па да имаат некаков сон.
Роден е во 1996-та во Етиопија и пребеган во Италија. Јеман на амхарски јазик значи „Десната рака на Господ“. Тоа е вториот најзборуван семитски јазик во светот, после арапскииот, како и официјален јазик на Етиопија.
За време на граѓанската војна во Етиопија, на 7 години останал без своите родители. Оваа изјава за Газета дело Спорт, најдобро опишува низ што поминувал како мал.
„Се сеќавам како да беше вчера. Патувавме 400 километри цели три дена заедно со моите три сестри почнувајќи од родното село на 3.000 метри висина. Не водеа двајца вујковци, одевме пешки и по малку со импровизирани автобуси. Кога не оставија во сиропиталиште ни рекоа дека ќе се вратат за една недела. Никогаш повеќе не ги видовме“.
За среќа успеале некако да стигнат во Италија каде имале к`смет да ги посвои угледно семејство од Милано кое заедно со нив вдомиле вкупно осум деца.
После неколку години парот се развел, но Јемен претходно растел со нив. Сега е самостален и живее без нив, но тие често го посетуваат. Татко му заедно со пријатели бил во Доха за да се гордее со него во живо, а истото го правел и на претходни првенства. Мајка му не го пропушта на телевизија.
Јеман прво почнал да игра фудбал, но кога го забележале какви предиспозиции има го пренасочиле на атлетика. Ете го сега, бегалецот од Етиопија до своите 23 години кои ќе ги наполни за седум дена, има освоено вкупно 11 медали како натпреварувач на Италија, 6 во јуниорска и 5 во сениорска конкуренција плус 4 национални трофеи.
Оваа година освои два златни медали. На Европскиот Куп во Лондон на 10.000 и на Европското првенство во Полска на 5.000 метри.
Деновиве тој е одново на насловните страници во италијанскиот печат, бидејќи со освоеното 8-мо на СП во Доха постави нов државен рекорд на 10.000 метри со време од 27.10.76. И тоа стариот што го сруши во Италија датира од 1962-ра година.
Инспириран од неговиот животен пат, режисерот Матео Валсеки уште во 2015-та година сними документарец за Јеман кој се прикажуваше на филмските фестивали во Тренто и Салцбург.