Људина

Ви текнува на ова лани во Доха на Светското првенство во атлетика? Светот го освои со овој бесценет гест, а не со трката.

На 27 септември минатата година Катар го стартуваше атлетскиот Мундијал во тоа пеколот нивни и уште на почеток имаше една непријатна сцена по која ти доаѓа солза да пуштиш.

На трката на 5.000 метри, Џонатан Басби од Аруба имаше уште 300 метри на трчање, но речиси колабираше и не можеше на нозе да стои.

Во секоја друга трка, обично тоа е крај за него по кој мора да се помири. Но на ова СП бевме сведоци на еден од најјаките фер плеј потези кои сме ги воделе општо во спортот.

Браима Дабо од Гвинеја Бисау ја жртвуваше трката и остана без медал, ама затоа поголем медал од овој нема никој освено. Го фати под мишка Џонатан и лека полека заедно стигнаа до целта.

Дабо ја жртвуваше сопствената трка, а Бисау сепак беше дисквалификуван. Но тој податок оди во втор план. Нема цена овој негов подвиг по кој и двајцата беа наградени со аплаузи и овации.

„Видов дека не трча како што треба и сфатив дека нема да ја заврши трката. Одев на личен рекорд, но кога сфатив дека не можам, подобро беше да му помогнам да заврши бидејќи тоа е цел на секоја трка. Целта беше да ја претставувам мојата земја чесно и среќен сум што можев да му помогнам на друг тркач“, изјави Дабо.

8 мај 2020 - 10:01