Топлото време не може да им биде добар сојузник на маратонците, ама ниту пороен дожд. Викендов во Венеција природата си поигра со учесниците кои не знаеа дали да продолжат со трчање или со пливање. Маратонот на 42 км не се прекина. И покрај тоа што тука нема нормални услови за трка, првото место го освои Етиопиец.