СИ ПОМАГА НА СЕБЕ И ПРАВИ РАБОТИ ШТО ГИ САКА
На 15 декември Тотенхем го пречека Барнли на „Вембли“ во натпревар од Премиер лигата. Гостинските навивачи со коли, автобуси и комбиња преминале преку 300 километри колку што има од Барнли до Лондон.
Сите освен 44-годишниот Скот Канлиф кој самостојно трчл до Лондон на што потрошил една недела. Ова било деветто вакво гостување со трчање на Скот во сезоната 2018/2019. Тој досега трчал на сите гостински дуели на омилениот Барнли.
***
Скот од детството навивал за Барнли но толку многу натпревари колку што изгледал сезонава, не посетил никогаш претходно. Зошто се решил на толку тежок напор?
Скот е професионален преведувач и последните 20 години ги минал во земјите од Југо-Источна Азија каде работел во хуманитарни мисии.
Како по правило, овие земји се со сериозни внатрешни проблеми и Скот се нагледал многу ужаси. Најмногу се потресол при окупација на индонезиската војска на регионот Источен Тимор каде имало спроведувале казни, масовни убиства и напади. Тоа што го видел влијаело Канлиф при враќањето дома во 2018 во Барнли да се соочи сериозни ментални проблеми.
„Работев во зони на конфликти, често бев сведок на насилства и страдања во Индонезија и Тимор што доведе до ПТСР (пост-трауматски стрес и растројство) и депресија“, рекол Скот Канлиф.
Неколку месеци Скот поминал дома и работел со психотерапевт. Во еден момент му истекнала генијална идеја - да ја победи депресијата со помош на напорно трчање.
Во јули 2018 Скот започнал акција The Run Away Challenge: по секакви услови да трча на секој гостински меч на Барнли во Премиер лигата 2018/2019. Целта му е да претрча 4.000 километри.
„Сакав задачата да вклучува сè што сакам: фудбал, патешествија и трчање до максимална издржливост“, додава Скот.
Предизвикот го започнал на 2 август: Од „Терф Мур“ (стадионот на Барнли) Скот трчал дури 245 километри до стадионот на Саутемптон „Сент Мерис“. Патот му траел 10 дена.
Но на средината од патот незгодно нагазил и го повредил зглобот кој му отекол и не можел да облече патика. „Тоа не беше баш најлесен почеток но спремен сум за искушенија“, напишал Скот на Твитер кога стигнал до Саутемптон.
The final push to @Arsenal pic.twitter.com/cfkGmr2NF3
— #TheRunAwayChallenge (@sekott) December 21, 2018
После тоа следувале маратони до Лондон (292 километри во три етапи за 22 дена), Манчестер (37 километри), Лестер (183 км), Вулверхемптон (159 км) и Кардиф (дури 339 километри).
Секој пат се враќал во Барнли и почнувал од домашниот стадион. Досега претрчал 2.443 километри. На својот сајт објавил дека досега измерил повеќе од два милиони чекори и стопил околу 230.000 калории.
Скот има профили и на Твитер и Инстаграм и таму може да се набљудуваат неговите маратони.
Скот вели дека се труди да држи мирно темпо и дневно да не трча повеќе од 30-40 километри.
„Најтешко ми беше кога трчав за мечот во Вулверхемптон. Морав да поминам по 100 километри дневно, а претходно никогаш не сум трчал толку многу“, признава овој голем навивач на Барнли.
Секако, ова темпо не би го издржал секој човек, но Скот претходно редовно трчал маратони и сакал трчање.
За да надомести и да се опорави по напорните трчања, Скот најчесто јаде енергетски чоколадца, пие пиво и јаде калорична храна (дневно трошел во просек по 8.000 килокалории). Задолжителна процедура му е да лежи со двете нозе кренати за да се опорави крвотокот.
Неколку пати заедно со него возел автомобил но Скот се откажал од тоа. „Сега ги знам маршрутите, не ми треба кола за поддршка. По пат има многу места каде може да купам храна и пијалаци“, раскажува Канлиф.
Тој обично ноќите ги миува во пригодни мотели, но во последно време станал популарен и луѓето сами му пишувале и предлагале да дојде кај нив да преспие.
ПОМАГА НА ДРУГИ И Е ГОЛЕМ ХУМАНИТАРЕЦ
Скот кога не трча маратони за да го гледа Барнли, работи во хуманитарни цели. Тој се бори со сопствената депресија но им помага и на другите: на неговиот сајт за предизвикот има и фонд за собирање средства каде веќе се собрале повеќе од 8.000 фунти (во план му е да стигне до 10.000 фунти). Парите ќе ги донира во хуманитарна органзација Барнли која ги разделува меѓу локалните организации кои се занимаваат со лекување и грижа на луѓето со нарушено психичко здравје и се во тешка состојба.
Целта на Скот е да запознае повеќе хуманитарни организации, да сретне многу луѓе со кои ќе сподели искуства и идеи за големи проекти во хуманитарна работа.
Една од главните цели му е да покаже деа депресијата може да се победи и со помош на силна физичка активност и долго трчање. Во меѓувреме гостувал и на студиото на SkySports и станал познат па го препознаваат на стадионите.
„Сè повеќе навивачи дознаваат за мене. Често слушам дека мојот пример ги инспирирал да направат нешто. Секогаш сум среќен кога навивачите гласно зборуваат за својата борба со депресијата, затоа што да се збори за проблемите со психичкото здравје е многу важно. Се надевам дека колку толку помагам“, констатира Скот.
Неговиот совет е трчајте и навивајте само за својот клуб.