Коментатор, навивач на Лестер трчал 150 км за 6 дена за финалето на Вембли

Инспириран од еден настан од пред 70-ина години, настан кој сигурно заслужува игран филм, еден фудбалски коментатор во Англија решава да направи сличен подвиг. И успева во намерата со супер поддршка.

Во саботата на 15. мај Лестер со прекрасниот гол на Белгиецот Тилеманс го победи Челси во финалето на ФА Купот и за првпат во клупската историја го освои пехарот во најстариот турнир на светот.

„Лисиците“ претходно дури 4 пати играле во финале но сега од петти обид го освоија драгоцениот трофеј. Претходно последен пат биле во финале на ФА Куп во 1969-та.

Навивачите на Лестер имаа многу причини за голема радост. Притоа Џејми Варди стана прв фудбалер кој играл во сите 13 рунди од ФА Купот а победата ја посвети на загинатиот сопственик на Лестер кој пред три години загина по пад на хеликоптер.

Но еден настан ќе се памети уште долго.

ГОЛЕМ ПОДВИГ НА НОВИНАР-НАВИВАЧ

Јунак на триумфот на Лестер е и Јан Стрингер, водител на радио BBC Leicester кој решил за една недела да истрча 150 километри од стадионот „Кинг Пауер“ во Лестер до „Вембли“ во Лондон.

Во хуманитарната акција која што ја спровел, собрал повеќе од 20.000 фунти за LCFC VS Foundation. 

Јан Стрингер кој води емисии поврзани со фудбалскиот клуб Лестер за радио BBC, раскажува како дошол до идеја:

„Пред три-четири недели во редакција ни се јави навивач на Лестер и ни раскажа како во 1949-та година татко му дошол на финале на Вембли на велосипед. Лестер го изгубил тоа финале од Вулвс а после мечот Артур приметил дека му го украле велосипедот и тргнал дома пешки.

Мојот менаџер на приказнава кажа: „Ако он можел да дојде пешки, зошто ти да не истрчаш до таму? Не ми остана ништо друго но да прифатам“, вели Јан Стрингер.

Во Велика Британија вакви сериозни подвизи со трчање или пешачење огромни дистанци најчесто се користат за собирање хуманитарни средства. Самиот Јан не е исклучок и тој одамна соработува со разни фондови.

Во фондот кој пред неколку години го основал загинатиот сопственик на клубот Лестер, Вичај Шриваданапраба еднаш собрале 19.490 фунти во чест на финалето на ФА Куп кој Лестер го играл во 1949-та.

Фондот бил основан во 2011-та како LCFC Foxes Foundation, а подоцна е преименуван Vichai Srivaddhanaprabha Foundation во чест на сосптвеникот. За 10 години собрале повеќе од 2 милиони фунти за разни хуманитарни организации во Лестер.

Јан почнал да трча од стадионот на Лестер во понеделник во дрес на „лисиците“ со натпис ФА Куп на ракавите и со план да истрча 32 километри првиот ден.

„Во својот живот сум истрчал 13 маратони, но пред ова трчање се чувствував како никогаш претходно“, раскажал Стрингер.

Вториот ден истрчал дистанца од 33 километри а успеал и да го коментира победничкиот меч на Лестер на сред „Олд Трафорд“, победа со која „лисиците“ уште повеќе се доближија до место во Лига на шампиони.

Во средата Јан Стрингер поминал трчајќи уште 33 километри и во својот секојдневен отчет од подвигот рекол: „Сè почнува сериозно да боли“. Крај него цела недела одела камионетка со терапевт кој го опоравувал пред и после секоја истрчана рута.

Понекогаш му се придружувал и по некој навивач на Лестер кој истрчувал по пар километри за да му даде поддршка.

„Сретнав огромен број навивачи по пат! Луѓе ме ловеа на патот, ми даваа благо, вода, па дури и пари! Денес некој во рака ми пикна 50 фунти. Бев многу, многу, многу среќен!“

Во четвртокот Јан имал најнапорна рута затоа што 22 километри трчал по силен дожд, а во петокот по мирно и убаво време поминал 21 километар. 

На последните 6,5 километри пред мечот, Јан рекол: „Моите нозе за некое чудо се во ред! Цела недела за мене се грижеа физиотерапевти и јас никогаш претходно не сум истрчал толку многу за толку кратко време. Секако, има болки, но цел пат трчав со мечта дека ќе бидам денес тука“. 

Јан не само што го гледал, туку и го коментирал мечот како да е на работно место, на својата позиција од новинарска ложа. Полудел од среќа на евроголот на Јури Тилеманс кој се испостави за победнички:

На крајот откако емоциите слегнале, гужвата се расчистила и ги избришал солзите, Јан можел да седне да сфати што се случило. И да одмори нозе, секако.