Изданието 2017 на ова рели е една од најразновидните трки во историјата и интересна колку и Дакар, како стариот така и новиот.
Варијанти на етапите има многу - од класични руски полиња и шуми па се до бескрајните казахстански степи и величествени кинески пустини. Гледачите на ова рели може да бираат од каде ќе ја гледаат трката а следниве десет места се величествени:
ПУСТИНАТА ГОБИ
Оваа пустина е најголема пустина во Азија. Пустината зафаќа делови од северна Кина и јужна Монголија и е како визит карта за сите други пустини - огромни песочни дини и бархани коишто се протегаат од хоризонт до хоризонт до каде ви фаќа погледот. Ако слушате внимателно во оваа пустина може да забележите како песокта на ветрот испушта звуци за кои порано имало многу легенди.
Но пустината Гоби не е само песок, туку има и кањони во местата каде пустината минува низ каменесто плато. Изгледа како таму да е сниман последниот ’Лудиот Макс: Автопат на бесот’.
Од почетокот на ова рели па до денес ниту едно животно не настрадало од некоја од машините на патот.
Ветерот во оваа област не создава само необични звуци кои делуваат морничаво, туку правел чуда и како најдобар скулптор
Релистите се сигурно единствените луѓе на планетата коишто се соживуваат со пустинската оаза.
КАЗАХСТАНСКИ ПРАГ
Оваа нискорелефна долина се протека низ средните и источни подрачја на Казахстан и се состои од ниски планини и долини околу солените езера од кои најголемо е Тенгиз. Овој предел е толку убав но и широк што во него може да се загуби и најдобриот мајстор по навигација.
И покрај близината на местноста со Семипалатинскиот полигон на кој последен пат тестирале и испитувале нуклеарно оружје, долината и платото не се претворени во радиоактивна пустина. Овој Казахстански праг и натаму е полн со живот.
Патот Туркестан - Сибирска магистрала е трасиран пред 90-ина години а се претпоставува дека претходно било ѓаволски тешко да се проодат тие километарски карпи.
РУСКИ ПОЛИЊА И ШУМИ
Пријатното зеленило на централниот регион на Русија особено е убаво кога се гледа од птичја перспектива.
Учесниците на овогодинешното издание уште од самиот старт на оваа етапа ги прател силен циклон и дождови кои од машините направиле бродови на споредните патишта.
Под водата не се гледаат нерамнините, јамите или камењата и поради тоа пилотите морале внимателно да ги поминат класичните руски полиња.
ГОРИТЕ ЧИЈЕНШАН
Висината на овој масив кој се наоѓа на северот од Кина е околу 5.000 метри но релистите се качиле до четири километри и таму ги доживеале можеби најчудните кадри.
На западната падина каде што се наоѓа сувата пустинска месност има реони со вар и глина. Таму ниту свежиот планински воздух не помага за да се отстрани прашината.
ТАКЛА МАКАН
Северен Такла Макан е пустина во југозападниот дел на автономната област Сингјанг во северна Кина, а се граничи со венецот Кунлун на југ, пасивот Памир и планината Тјеншан на запад и пустината Гоби на исток. Една е од најубавите песочни пустини во светот која како и пустината Гоби изобилува со огромни дини и бескрајни жолти песочни бранови.