Голем подвиг за човештвото - искачен страшниот К2 во зимски услови

Десет алпинисти од Непал поставија светски рекорд, откако станаа прв тим кој во екстремно тешки зимски услови го качија К2 - вториот највисок врв на светот, кој се наоѓа на граница меѓу Пакистан и Кина.

Историјата е испишана. Најсуровивот врв К2, висок 8.611 метри надморска висина е освоен во зимски услови.

Нимсадаи Пурџа, еден од членовите на групата која реши да тргне во страшна мисија, рекол дека го искачиле врвот во 17:00 часот по локално време (13:00 по Средноевропско време). Пурџа претходно во само 6 месеци ги искачил сите 14 врва над 8.000 метри надморска висина.

Екипажот искористил момент на стишување на страшните ветрови по кои К2 е познат, особено во зимски услови, за да ја искачат и последната точка за поставување камп на 7.350 метри од каде тргнале до врвот.

Непалците постојано ја информираа јавноста до каде стасале, а Пурџа на Инстаграм објави фотографија на екипата од врвот која вечно ќе се памети.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Nirmal Purja MBE - Nimsdai (@nimsdai)

„Горди сме што станавме дел од историјата на човештвото и покажавме дека соработката, екипната работа и позитивно расположение може да ги поместат граниите на невозможното“, рекол Пурџа кој меѓу првите стигнал на врвот и ги чекале сите да го качат па заедно во комплет ја испеале химната на Непал.

Од моментот на првите искачувања на К2 во 1987-1987 (овој врв важи за еден од најсмртоносните на светот и на него се оди само во летни услови), организирани се само неколку зимски експедиции. Никој никогаш не успеал да ја искачи највисоката точка на 7.650 мднв во зимски услови. До минатиов викенд.

Непалските шерпаси кои се сметаат за основачи на алпинистичката индустрија на Хималаите редовно им помагаат на странските експедиции.

 „Со сигурност ова е еден од најголемите настани во историјата не само на алпинизмот, туку и на човештвото“, вели Крумислав Јововски-Куко, наш познат високогорец кој ги освоил речиси сите врвови во земјава, 2 пати врвот Елбрус (5642 мнв) во Русија, врвот Арарат (5137 мнв) во Турција и имал обид за искачување на Килиманџаро во Танзанија (стигнал до 5350 мнв).

Осум луѓе беа шерпаси, а двајца од нив алпинисти, сите од Непал. Температурите во текот на целиот подвиг движеле од -40 до -50 степени. Замислете само на температурата која понекогаш ја гледате при авионски лет над 8-9.000 метри, некој сега искачувал во најтешки услови по таа температура.

За да се разбере целиот подвиг треба да се знаат следните работи: Од точката на поаѓање од базниот камп, нагоре се поставуваат четири кампа до врвот. C1, C2, C3 и C4. Се оди до првата точка, се поставува камп, па се симнува до базниот со цел аклиматизација. Во исто време се носи и опрема нагоре по камповите, се фиксираат јажиња, се носат кислородни боци, храна, шатори за спиење, ред други работи, па пак симнување надолу со цел аклиматизација. Кога условите ќе дозволат, се преспива во камповите. Тоа е еден процес кој трае со недели, некогаш со месеци.

К2 Е НАЈСМРТОНОСЕН ВРВ

За првпат во историјата овој врв е искачен пред 66 години од Ахиле Компањони и Лино Лачедели. Пред нив имало 6 обиди но сите биле неуспешни.

К2 беше единствениот преостанат врв над 8.000 метри кој не бил искачен во зимски услови, откако претходно во 2016-та беше освоен врвот Нанга Паргат.

Обиди за искачување на К2 секогаш се прават во јули и август при најтопли периоди од годината. Досега К2 го искачиле само 280 луѓе во споредба со 3.681 алпинисти кои го освоиле Монт Еверест. 

Пред самиот врв на К2 е страшниот bottleneck, теснец во кој се случиле речиси сите трагични настани со загинати алпинисти. Во 2008-ма година на овој потег лавина во смрт однесе 11 алпинисти и таа трагедија е најпозната на врвот К2.

Ветровите можат да одат и до 200 км/час а температурите и до -60 (-76 Фаренхајтови Степени).

К2 се наоѓа во масивот Глигит-Балтистан, реон кој има 18 од 50-те највисоки светски врва.

18 јануари 2021 - 12:10