Во Јужна Кореја се употребуваат три различни системи за бележење на возраста, но најголем број од Корејците се придржуваат до локалниот корејски начин. Секое новородено бебе „стартува“ со една година, а секоја Нова година добива по уште една плус.
Ако бебето е родено на 30-ти декември, на 1-ви јануари тоа веќе има две години.
Најголем дел од Корејците (80%) дале поддршка за ваквата реформа која е дел е од предизборните ветувања на претседателот Јон Сук-Јол, кој смета дека стариот начин создава непотребна збрка и ја чини државата.
Иако поголем дел од земјите во Источна Азија го имаат напуштено, тој сè уште важи во Кина каде луѓето добиваат година при раѓање, а потоа сите заедно слават роденден на Кинеска нова година, која секоја година се паѓа различно.
Реформата во Јужна Кореја се очекува да стапи на сила од 1-ви јуни наредната година.