Годините никој не може да ти ги врати, освен владата, и тоа под услов да живееш во Јужна Кореја. Граѓаните наскоро формално-правно ќе станат помлади за година-две, како резултат на промената во начинот на кој официјално се бројат годините.
Жената на која никако не ѝ стои да ја викаат „бабичка“, секој ден пишува по една приказна за нејзините сожители во домот за стари лица во Сиднеј, учествувала во најпрестижниот сликарски натпревар во Австралија и сè уште се занимава со нејзината најголема страст - танцувањето.
Прво си млад, па средовечен, па стар. Последниов термин кажан некому в лице звучи како навреда. Дали „стар“ во ерата на промовирањето вечна младост е табуизиран збор?
Нималку не е добро кога се прават шеги на сметка на нечиј надворешен изглед, но честите случаи од Африка со лажирање документација за раѓање (или воопшто немање никакви документи) придонесуваат светската јавност да крои анегдоти за атлетичарите од црниот континент.