Се вика Ајлин Кремер, а родена е во 1914 година во Австралија, каде почнала да се занимава со танцување. Била оригинален член на првата модерна танцова компанија во оваа земја, влијателниот Боденвајсер балет, со кои настапувала и живеела насекаде, од Индија до Париз и Лондон, до Њујорк.
Сепак, вели дека најдобрите години од нејзиниот живот настапиле откако ја наполнила стотата. На возраст од 99 се вратила во родната земја и од тогаш учествувала на два големи танцови фестивали, имала улога во филм, напишала три книги и дала повеќе телевизиски интервјуа.
Никогаш не се мажела, и немала деца, а денес не го користи зборот „стар“. „Треба да се подготвите за возраста, а јас се подготвував со тоа што секогаш креативно работев и давав сè од себе да го игнорирам сето останато“, вели таа.
Денес таа танцува главно со седење, користејќи експресивни движења со рацете и гестови, за да заобиколи проблеми со рамнотежата и вртоглавици. Можеби не е способна да прави скокови и пируети но ја познава суштината на танцот. Со ова не само што си го продолжува активниот живот, туку на некој начин и го надополнува периодот од 20 години кога се грижела за болниот партнер во Њујорк и не можела да танцува.
Нејзината појава и енергија се необични не само поради високата возраст генерално, туку особено затоа што станува збор за професија во која од уметниците се очекува да се пензионираат некаде во нивните 40-ти.
Ајлин има и тајна на долгиот и исполнет живот:
„Добро здравје, многу среќа и учење за светот. Здравјето сепак многу зависи од нас - од она што јадеш, што мислиш, од што си страдал и од што си се опоравил“.