После многу шпекулации околу годините (судејќи по изгледот) на кенискиот атлетичар, неговиот клуб Бенфика од Португалија потврди дека тој навистина има 17 години.
Луѓето од атлетскиот клуб Бенфика покажале документација и пасош според кои специјалистот за 5.000 метри ќе наполни 18 години во ноември.
ШТО БЕШЕ ПРОБЛЕМОТ?
Едвард Пингва Закајо е роден во градот Нарок во Кенија и важи за голем талент на светската атлетика. Веќе освои бронзен медал на Комонвелт Игрите 2018 и трча на долги растојанија (5.000 метри) со цел да ѝ помогне на мајка му која што живеела во мизерно сиромашни услови.
Приказната околу Закајо се актуелизираше откако тој победи на Светското првенство за атлетичари под 20 години во финскиот град Тампере и освои прво место на трката во Асаба, Нигерија. Има и злато од Африканскиот куп У20.
Сите овие успеси го убедиле атлетскиот клуб Бенфика да го ангажира на клупски план, и сега токму португалскиот тим ја разјаснува непријатната ситуација од која произлегоа многу комични коментари за возраста на Кениецот.
Овој проблем го имаа многу африкански атлетичари претходно.
Закајо е роден официјално на 25 ноември 2001 година, а регистриран е во матичната книга на родени во март 2016 година кога имал 14 години.