Едвард Закајо Пингва го освои Светското првенство на трка од 5 километри во Мароко, но она што е чудно што детево или “детево“ било дел од трка за атлетичари до 20 години.
Според информациите кои се појавуваат на Меѓународната атлетска федерација, Кениецот е роден на 25 ноември 2001-ва година, а кога го гледате на слики мислите дека веќе чува внуци.
И покрај тоа што изгледа некако ептен неверно дека е малолетник, Едвард регуларно си се пријавува и си гази со таа возраст и на други турнири.
Минатото лето исто така ја освои трката на 5 километри на Светското до 20 години кое се одржа во Темпере со време од 13:20, во Мароко трчаше со 13:11, а личен рекорд му е трка во Рим која ја мина за 13 минути и 3 секунди.
На оваа тема со спортисти од Африка имало контроверзи и во фудбалот. Некои сметаат дека тоа се должи на административни пропусти, а други мислат дека личат на постари поради суровите животни услови.
Во 2017-та Уницеф предупреди дека 95 милиони деца не се регистрирани кога се родени, бројка која може да порасне на 115 милиони до 2030-та година.
Исто и со двајцава од Етиопија кои трчале на трка У-20.