Јамајка остана без боб-санка за Олимпијада, но ги спасила пивара

На Зимските Олимписки Игри никогаш во историјата немало девојки од Јамајка и првото појавување на натпреварувачки од оваа земја на ЗОИ во Пјонгчанг е права сензација.

На Олимпијадата во Кореа дојде двојка во бобслеј која што го потсети светот на симпатичниот култен филм Cool Runnings со Јамајка тимот. Девојките од Јамајка се појавија на едни Игри точно 30 години по епохалното деби на боб санкачите од оваа земја.

Пилотот (онаа која управува со боб санката) Џазмин Фенлатор-Викториан е родена во Њу Џерси и целиот живот го минала во САД. Дури и на Зимските Олимписки Игри во Сочи 2014-та се натпреваруваше како Американка под знамето на САД. Но после 11. место на минатите Игри го сменила спортското државјанство со јамајканско. Во Јамајка се родил татко ѝ.

Кога зборувала за таа одлука, Џазмин рекла: „Мене ми е важно да им покажам на малите машки и женски деца дека и јас која сум како нив - зборувам како нив, носам такви фризури како нив, имам таква боја на коса како нив, можам да направам сосема неочекувани работи. Кога гледаш таков пример во детството, размислуваш дека нема нешто што не можеш. Тоа е исправно.“

За таа цел ѝ помогнала Кери Расел - поранешна атлетичарка која што го освои златото во штафета на 4х100 на Светското првенство 2013-та во Русија. Расел почнала да се занимава со боб-санкање во сезоната 2016/2017.

Но не било баш се идилично за оваа двојка во Јужна Кореа. На недела дена до стартот на натпреварувањето на Олимпијадата, од репрезентацијата заминала Сандра Кириасис зошто избил голем скандал.

Германката оправдано влегла во конфликт со Јамајканскиот сојуз и малку фалело сонот на овие девојки да остане само сон. Германката Сандра Кириасис решила да ја земе боб-санката и девојките немале како да тренираат. Малку фалело да ги отстранат од Олимпијадата.

Германката Сандра била одличен боб-санкач (освоила сребро во Солт Лејт Сити во 2002-ра и златен медал во Торино 2006). Благодарение на неа женската боб репрезентација на Јамајка се нашла во Пјонгчанг.

Кога слетале во Јужна Кореа чиновниците од федерацијата на Јамајка кажале дека Кириасис веќе не е тренер на тимот, туку само аналитичар. Тоа значело две работи: 1. Сандра Кириасис повеќе не смеела да ги посетува тренинзите и да работи со тимот; 2. Нејзината акредитација била суспендирана - таа не смеела да живее во олимпиското село, да се состанува со селекцијата, да оди на прес-конференции итн.

„Никогаш сум немала поголемо разочарување во овој спорт. Ме избркаа од олимпиското село и сега сум како бездомник. За цели 3 дена спиев околу 10 часа, а последната ноќ ја минав во хотелот каде што престојуваат новинарите од Eurosport. Ни сама не знам каде ќе ја минам следната ноќ. Очајна сум“, рекла Сандра во интервју за германското издание Die Welt.

Кириасис не се помирила со улогата аналитичар на тимот. Решила да замине а на федерацијата и поставила ултиматум: или да и платат 20.000 евра или ќе си ја земе боб-санката и ќе ја остави репрезентацијата без неа. Федерацијата не платила и самоуверено изјавила дека Сандра нема право да ја одземе боб-санката.

Но се покажало дека има. Сандра санката ја изнајмила од германскиот Винтерберг а 20.000 евра дала како гаранција во случај на оштета на санката.

„Во договорот стои мој потпис. Јас ја сносам целата правна одговорност за состојбата на бобот, јас сум полноправен изнајмувач на санката до крајот од Олимпијадата. Очигледно е дека јамајканските чиновници ова го направија од завист. Девојките немаа никакви претензии кон мене и секогаш ми велеа дека сме тука благодарение на заедничката работа. Гледаме дека раководните луѓе од сојузот тоа ги погодило. За репрезентацијата на Јамајка направив многу: не само што ги тренирав, туку барав спонзори, договарав места за тренинзи, се договорив за набавка на опрема. После такво нешто не заслужив да бидам марионета во рацете на федерацијата“, искрено и отворено раскажала Сандра.

Кутрите Џазмин и Кери, ни криви ни должни за малку ќе останеле без учество на главниот турнир во животот, но тогаш им помогнал јамајкански производител на пиво Red Stripe. Ова компанија објавила на Твитер дека е спремна да купи нова боб санка, а дека не се шегуваат покажале кога на официјалната Твитер сметка го напишале бројот. Буквално после 12 часа Red Stripe купил боб санка за девојките во вредност од 50.000 долари!

 

„Првпат имаме сопствена боб санка. Шокирани сме, ова е неверојатно! Девојките цела сезона позајмуваат санки, работат со разни компании а сега можеме сами да решиме што ќе правиме со боб санката и какви стикери ќе ставиме“, рекла претставничка на репрезентацијата на Јамајка, Катлин Пулито.

После сево ова просто не смеете и не смееме да го пропуштиме дебито на женската репрезентација на Јамајка. Вторник, 20 февруари, 12:50 часот.

За уште една убава приказна, за девојките од боб-тимот на Нигерија тука.

19 февруари 2018 - 14:38