Девојки од Нигерија тренирале со дрвена санка, сега ќе одат на Олимписки Игри

Дури 98 натпреварувања во 7 спортови ќе се одржат на ЗОИ во Пјонгчанг. Нам ќе ни биде привлечна една дебитантска селекција која за првпат ќе се појави на снег - Нигерија во боб.

Зимските Олимписки Игри 2018 во Јужна Кореа ќе станат дебитантски за шест земји - Сингапур (шорт-трек/брзо лизгање), Нигерија (бобслеј и скелетон), Еквадор (скијачко трчање), Малезија (уметничко лизгање), Косово и Еритреа (обете во алпско скијање).

Највозбудлива селекција, без сомнение секако е Нигерија. Дури и да не гледате и немате интерес за женски бобслеј (боб трки), овие прекрасни девојки ќе ве натераат да ги следите. 

Нигерискиот екипаж во боб е составен од: пилотира Шон Адиган, а трчаат истовремено Нгонзи Онумера и Акуома Омеога. Интересно овие три девојки први од сите африкански бобслеисти (и мажи и жени) се квалификуваа за Олимпијадата откако исполниле норми на три различни патеки.

„Ова е гигантски чекор во развојот на зимските спортови во Нигерија. Ништо не те прави погорд од сознанието дека ќе помогнеш во живнувањето на зимските спортови во својата земја. Наша цел е да станеме најдобрите претставнички на Африка во историјата на Игрите“, вели Шон Адиган.

Токму Адиган, родена во САД, на меѓународните турнири ја претставува Нигерија. Онумера и Омеога исто одамна ја напуштиле татковината и се преселиле во Тексас но ни таму нема снег. Затоа Адиган е единствената од екипажот која што има олимписко искуство: настапувала во Лондон во 2012-та година на 110 метри со пречки. Тогаш не стигнала до полуфиналето.

Преминот кој го направиле во боб после спринтерската кариера е долга историја: Шон стигнала во тркачата селекција на САД но не успеала да ја победи конкуренцијата на најуспешната земја на светот. Во 2014-та година и дошла идеја да ја направи првата боб селекција во историјата на Нигерија заедно со други атлетичарки. Подготовките ги стартувале во една гаража во Тексас: Адиган за три дена направила дрвена санка.

Секако, во прво време никој не ризикувал да се трка на дрвена санка, но да тренира зошто да не? Девојките ставиле мали тркалца под боб санката и вежбале на тартан патеката за атлетика.

Првите вистински тренинзи на снег ги имале после неколку месеци и тоа со изнајмен боб а тренирале во Јута. Шон искрено раскажувала за стравот:

„Страв од непознато, од неизвесност живее во секој од нас. Се плашиме од замрзнатата патека, но уште поголемо човечко ограничување е неспособноста да се преброди стравот. Ние вака мислиме: треба максимално да се искористи шансата и тогаш ќе невозможното станува возможно“.

 

Желбата за учество на Зимските Олимписки Игри им се јавила во декември 2016-та кога девојките основале краундфандинг (собирање средства од луѓе кои сакаат да ја помогнат приказната) и собрале 75.000 долари. Тоа им било доволно да купат инвентар, опрема, да платат превоз, да набават се што им е потребно да се борат за олимписка норма.

За 11 месеци задачата била решена. Екипата била поддржана дури и од платежниот систем Visa, кој го спонзорирал проектот во рамките на програмата Team Visa.

Интересно, американските медиуми обрнале внимание дека девојките многу потсеќаат на епохалниот настап на јамајканските боб санкачи на Олимпијадата 1988 во Калгари по која е снимен и легендарен филм. Шон се радува на споредбата зошто вели дека како мала го гледала филмот по неколку пати:

„Баш ми е мило што не ставаат во ист ред со нив. Луѓето им се восхитуваат на тие Јамајчани веќе 30 години, тие го популаризираа боб санкањето и му дадоа надеж дека ќе се смени. Споредбата со нив е огромна чест“, заклучува Шон.

5 февруари 2018 - 15:42