Таг: зимски олимписки игри

Спектакуларно музичко шоу на затворањето на игрите

Спуштена е завесата на Зимските олимписки игри во италијански стил со парче од вердиевата Травијата и уште неколку музички точки за комплетно шоу. Норвешка заврши како најуспешна нација со вкупно 41 медал од кои 18 златни. САД е втора со 33 (12 златни), Италијанците освоија 30 (10 златни).

Најинтересните моменти од хокејарското финале САД - Канада


САД ја победи Канада по голема драма и продолженија со 2-1 и стигнаа до првиот златен медал во хокеј, кој го чекаа уште од Зимските олимписки игри 1980 година во Лејк Плесид, кога се случи легендарното „Чудо на мразот“ и победата над селекцијата на Советскиот Сојуз. Инаку ова им е трета олимписка титула, додека Канада останува на врвот со 9 златни, 5 сребрени и 3 бронзени медали. Американците беа во делириум на крајот.

Остај ти финале хокеј, италијанско има сега

Завршија Олимписките игри во Милано и Кортина со финалето во хокеј меѓу САД и Канада, како кулминација на големиот настан. Славеа Американците 2:1 и по 46 години го освоија златото. Но, гледачов во публика имаше други приоритети: Аталанта - Наполи.

Австралиска репортерка начукана известуваше од Олимпијадата па се извинуваше

„Цената на кафето овде е всушност добра... всушност, тоа е цената на кафето во САД на која мора да се навикнеме... Не сум сигурен за игуаните? Каде одиме со тоа?“ , почна новинарката Даника Мејсон, која потоа во следното вклучување се извини за гафот во живо.

Нориаки Касаи, шампион за долговечност со 8 олимпијади

Има 53 години, скока од 1988-ма, а знаете што е најинтересно? Уште скока, но не успеа да обезбеди настап во Милано и Кортина.

Како Ивко Панговски стигнал до интервју со Кирк Даглас на ЗОИ Сараево 1984?

Познавате ли некој друг наш новинар кој седел на маса со легендарниот холивудски актер, пиеле виски и снимил интервју долго 4 и пол часа? Дрво се направил Даглас.

Алберто Томба го расплака бразилскиот олимписки првак по телефон

Бразил испиша нова спортска историја. Го слави првиот олимписки медал, воедно и прв за Јужна Америка, а за тоа е заслужен Лукас Пињеро Братен. Честитки на телефон доби од легендарниот Алберто Томба. Италијанецот му се обрати на англиски, а овој пукаше од возбуда и му се заблагодаруваше на италијански.

Знамето на Југославија на Олимписките игри во Милано

Поранешна Југославија има освоено 87 олимписки медали. Иако не постои 35 години, ниедна земја што произлезе од распадот на СФРЈ не освои до сега толку медали. Хрватска моментално е на 60, Словенија има 55, а Србија е трета со 28. Плус денес има многу повеќе олимписки спортови.

Ана Цветановска го подобри резултатот од Пекинг 2022 за повеќе од 3 минути

Вториот наш претставник на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, го освои 105. место во дисциплината крос-кантри во нордиско скијање.

Ставре Јада ја заврши трката на 89 позиција

Македонија го имаше првиот претставник на Зимските Олимписки Игри во Милано и Кортина. Настапи Ставре Јада во Нордиско скијање (крос-контри). 

Од студот до олимписката светлина: 11 годишното момче кое Италија не го заборави

Олимписките игри со еден гест ја испратија нивната долгогодишна суштинска порака, а тоа е човечност, солидарност и надеж.

Македонија го развеа знамето на Олимписките игри

Ставре Јада и Јана Атанасовска беа знаменосци на отворањето на Зимските Олимписки игри во Милано и Кортина кои ќе траат до 22 февруари. Заедно со нив ќе учествуваат и Ана Цветановска и Виктор Петков. Преносите ќе може да ги следите на МТВ.

Како изгледале првите Зимски олимписки игри пред 102 години?

Фотографиите се црно бели, се разбира, учесниците далеку помалку, спортовите исто така, но и деновите на одржување.

Прв инцидент на ЗОИ, норвешки скијач со хеликоптер го однесоа во болница

Фредрик Мелер доживеа тешка повреда при пад во спуст, на првиот тренинг во пресрет на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, кои официјално стартуваат во петок.

Што е тоа Скимо? Новиот спорт на Олимпијадата во Италија

Карлингот се врати како спорт за медали после 74 годишна пауза. На игрите пак во Нагано 1998 дебитираше сноубордингот. Слоупстајл и хафпајп фрискинг беа додадени во програмата во Сочи 2014 година. На Зимските Олимписки игри во Милано Кортина (6-22 февруари) ќе има нов спорт кој се вика скимо.

Антисемитизмот на авторот на децималната библиотечна класификација (и врската со зимската Олимпијада од 1932)

Обично антисемитизмот го поврзуваме со Втората светска војна, холокаустот и Германија од крајот на 1930-тите. Но примерот на Олимписките игри во Лејк Пласид, САД, во 1932, покажува дека неговите корени се историски подлабоки, и географски пошироки.

Американската позната олимписка атлетичарка која кажа дека е невина

Лоло Џонс во емисијата Laugh Out Loud кај Кевин Харт, отворено зборуваше за нејзиното признание дека како посветена христијанка, својата драгоценост ја чува за бракот.

Што треба да знаеме за драконската казна за Русите?

Светската антидопинг агенција жестоко ја казни Русија: 4 години на Олимпијада и Светските првенства ќе се појавува без знаме и химна, 4 години без големи турнири во Русија и бан за сите руски чиновници во меѓународните федерации.

Олимпијада без хокеј к’о подрум без ајвар

За време на неодамнешната посета на Канада, претседателот на Светската хокеарска федерација Рене Фазел соопштил дека Меѓународниот Олимписки Комитет размислува за сериозни измени во машкиот хокеарски турнир на Олимпијада.

На Олимпијадата се гледале и гледале порно филмови

„Чекај, дали сериозно ме прашуваш за порно? Па човеку, ние сме исти како и сите останати луѓе, имаме свои потреби“, се исповедал за USA Today еден од американските олимпијци. Тиндери, миндери, апликации за запознавање и лични контакти тријат раце од рејтинг.

Првата Американка што направи троен-аксел на Олимпијада

Пред неколку дена се појави видео со малечката Мираи Нагасу, репрезентативка на САД во уметничко лизгање, која тренираше како ракетата на Илон Маск. Ретко кој претпоставувал дека неколку дена подоцна токму Мираи ќе стане првата Американка во историјата која го направи извонредниот трипл-аксел на ЗОИ.