Најинтересните моменти од хокејарското финале САД - Канада


САД ја победи Канада по голема драма и продолженија со 2-1 и стигнаа до првиот златен медал во хокеј, кој го чекаа уште од Зимските олимписки игри 1980 година во Лејк Плесид, кога се случи легендарното „Чудо на мразот“ и победата над селекцијата на Советскиот Сојуз. Инаку ова им е трета олимписка титула, додека Канада останува на врвот со 9 златни, 5 сребрени и 3 бронзени медали. Американците беа во делириум на крајот.

23 февруари 2026 - 09:33