Легендарниот голман на Челси, Арсенал и чешката фудбалска репрезентација, Петр Чех го имаше своето деби во спортот кој го сакал уште од детството. Го чуваше голот на Гилдфорд Феникс и стана јунак на вечерта со спасен решавачки пенал за победа против Свиндон Вајлдкетс.