Хамилтон е асистент тренер на хокеј тимот Ванкувер Канакс, кој на првиот меч оваа сезона, одигран на 23 октомври, забележал како навивачка во првиот ред удира по стаклото.
Тоа е честа појава во овој спорт, но оваа не е како секоја друга. Таа била упорна и имала за цел да му пренесе порака вредна живот. Му ја напишала текстуално со голем фонт, а тој успеал да ја види и да ја прочита.
„Бенката на задниот дел од вратот е веројатно канцерогена. Ве молам одете на лекар“.
Брајан не ја игнорирал, туку закажал преглед и му направиле биопсија на бенката, која се покажало дека е малигнен меланом во фаза 2. Тоа значи дека ракот бил само на надворешниот слој на кожата и сè уште не бил навлезен во внатрешниот.
Ваквото откритие се должи на раното откривање од страна на девојката по име Надија Поповичи која студира медицина.
Тренерот напишал писмо кое било објавено на официјалниот Твитер профил на Ванкувер, кој го следат милион луѓе, за да ја пронајде Надија и да и се заблагодари лично.
„Пораката што ми ја покажавте на вашиот мобилен телефон, засекогаш ќе биде врежана во мојот мозок и тоа направи вистинска промена во мојот живот и моето семејство. Вашиот инстинкт се покажа точен, а таа бенка на задниот дел од мојот врат беше малигнен меланом, кој благодарение на вашата упорност и брзата работа на нашите лекари, сега ја нема. Ја бараме оваа неверојатна личност и ни треба да го споделите писмово со вашите пријатели и семејства за да ни помогнете да го најдеме овој вистински херој за да можам да ја изразам мојата најискрена благодарност“, стои во дел од писмото.
#HockeyTwitter, we need your help!
— Vancouver #Canucks (@Canucks) January 1, 2022
Please RT to spread the word and help us connect Red with the woman he considers his hero. pic.twitter.com/HlZybgOnjf
Твитот брзо се раширил, а Хамилтон успеа да ја пронајде Надија и да се сретне со нејзе.
„Таа ми го продолжи животот и ми го спаси. Не ме извади од запален автомобил како во големите приказни, туку ме извади од бавен оган. Докторот рече дека ако го игнорирам ова четири до пет години, нема да бидам тука. Не ни знаев дека имам таму бенка, таа ја откри. Надија е херој“.
Навивачката на Ванкувер која го предупреди тренерот за потенцијалната здравствена опасност, за возврат ќе се школува гратис. Цела школарина ќе и ја платат во износ од 10.000 долари.
Together with the @SeattleKraken, we awarded Nadia Popovici a $10,000 scholarship for medical school as a show of our appreciation 👏 pic.twitter.com/VgK8aMgJTA
— Vancouver #Canucks (@Canucks) January 2, 2022
What a moment in Seattle, where Canucks equipment manager Brian "Red" Hamilton finally met Kraken fan Nadia Popovici, who is responsible for saving his life. ❤️️pic.twitter.com/zyBa9dbQ21
— Daily Faceoff (@DailyFaceoff) January 2, 2022
"The reason for the letter (today) was that I really wanted her to know her persistence and everything she did to get my attention, she saved my life." -Brian (Red) Hamilton pic.twitter.com/XQO2ZsEAtA
— Vancouver #Canucks (@Canucks) January 2, 2022