Како САД стигнаа до олимписко злато во хокеј после 46 години?

Заврши најинтересниот и најгледаниот турнир на олимписките игри во Милано и Кортина, хокејот на мраз каде САД во драматично финале после продолженија ја победи ривалска Канада 2:1 (1:0, 0:1, 0:0 - 1:0). Ова е трета олимпијска титула за САД во хокеј на мраз но прва уште од далечната 1981-ва година кога славеа на домашен мраз во Лејк Плесид и култниот натпревар против силниот СССР.

Тој натпревар во '81-ва е познат и како „подвигот на мраз“ поради тоа што студенти и хокеарски аматери од САД го победија моќниот олимписки состав на СССР, можеби најдобар во историјата на овој спорт.

САД кој сега дојде со НХЛ ѕвезди, до ова финале на ЗОИ 2026 изгубиле дури осум финалиња во хокеј на мраз а имаат само една бронза. Канада останува на врвот на табелата со 9 златни олимписки медали, пет сребра и три бронзени медали. СССР и Русија имаат вкупно 7 олимписки злата во хокеј на мраз, 1 сребро и 1 бронза.

Канада досега на два пати ги победуваше САД во финале на хокеј на мраз на Зимски олимписки игри и тоа во 2002-ра 5:2 и во 2010-та 3:2.

Сега на мразот во Милано, САД рано поведоа против Канада во големото финале односно шест минути по стартот на мечот со погодокот на Метју Болди, му асистираа Остон Метјуз и Квин Хјуз.

Подоцна Канаѓаните ја презедоа контролата врз натпреварот и тие го водеа ритамот. САД во еден момент преживеа со три играчи на теренот и без голман кој фалеше 93 секунди поради двоминутната суспензија за Џејк Генсел и Чарли Мекавој.

Но Канада постигна гол преку Кејл Макар за 1-1 на 38 минути и 16 секунди:

Во последната третина имаше голема борба на мразот а САД имаа неверојатна шанса да го решат натпреварот затоа што Канаѓанецот Сем Бенет доби двојно исклучување (четири минути) кое набрзо значеше дуел четири на четири затоа што во САД исклучување заработи Џејк Хјуз.

Во продолжението хокеарите играа три на три а 24-годишниот Хјуз, заменик капитен на Њу Џерси Девилс постигна „златен гол“ после 1 минута и 41 секунда од продолжението и на САД им го донесе првото олимпијско злато после цели 46 години!

Јунак на мечот беше голманот на САД Хелејбак кој одбрани дури 41 од 42 удари на Канада која ќе жали за надмоќта која ја имаше во текот на големото финале. Канаѓанецот Џордан Бинингтон одбрани 26 од 28 удари.

После женската хокеарска селекција, САД освоија злато и кај мажите во хокеј на мраз па ги обединија шампионските титули за првпат во историјата.

Најинтересните моменти од хокејарското финале САД - Канада

23 февруари 2026 - 09:35