Лоло Џонс има 37 години. Родена е на 5. август 1982 година. Важи за една од попознатите американски олимпијки. Таа е атлетичарка која трча трки со пречки, а учествува и во натпревари со боб санка.
Во една емисија таа раскажа за грешката што ја направила кога на Твитер уште пред 8 години објавила дека е невина.
„Згрешив. Тоа ги уби сите мои средби после тоа, како никогаш да немав шанса. Претходно барем имав шанса.
Џонс важи за посветена христијанка. Таа рекла уште и дека пред да објави дека е девица, таа можела да чека извесно време пред потенцијалниот партнер да го извести дека нема секс пред брак.
„Претходно бев во фазон океј, кога е право време да му кажам? Дали да чекам пред тој да се увери малку полично? Или само да ја фрлам бомбата?“, вели Лоло.
Кевин Харт ја прашува дали мајка и Лори влијаела на нејзината одлука да се сочува до бракот, но атлетичарката вели не.
„Дефинитивно не ми е од мајка ми. Мислам, мајка ми никогаш не беше официјално омажена, има пет деца... Така што забавно ѝ е“.
Но Лоло признава и дека одлуката да апстинира од секс до брак негативно и се одразило и на кариерата.
„Имам повисоко ниво на интензитет зошто немам никакво ослободување на притисок. Сите ме знаат како стресна личност. Да се има секс ти помага и како спортист, како женска атлетичарка. Добро е за хормоните, така што јас сум тука во незгодна положба“.
Лоло Џонс е една од малкуте спортисти кои ја претставувале Америка и на Зимски и на Летни Олимписки Игри.
Џонс трчаше на трката со пречки на Летната Олимпијада во 2008-ма година во Пекинг па потоа и во 2012 на ЛОИ во Лондон. Во 2014 година реши да се натпреварува на Олимписки Игри во спортот боб.
Во 2012 година во емисијата Риал Спортс на ХБО таа кај домаќинот Брајант Гамбел изјавила дека нејзината невиност е „дар“ која сака да му го подари на својот сопруг.
„Ве молам разберете, овој пат е тежок. Има девици, сакам да знаат за мене, но ова е најтешката работа што сум ја направила во животот. Потешко од тренирање и спремање за Олимписки Игри, потешко од дипломирање на факултет, потешко од се е да се остане невина пред брак“.
Џонс не била често поврзувана во јавноста со партнери, иако во јануари 2018 година била на „дејт“ со НБА ѕвездата Блејк Грифин но рекла дека тоа бил најлошиот дејт во нејзиниот живот и дека тој бил ужасен бакнувач.
На Инстаграм минатиот септември се отворила за своите врски. Вели дека била во неколку сериозни врски во животот, пред се поради одлуката да остане невина.
„Најдолата врска која што сум ја имала ми беше кога на колеџ одев две години со едно момче. Тоа беше моја единствена сериозна врска. Така што спомнете ме во молитвите зошто јас изгледа го завршив дејтинг животот“.