Спротивно oд предвидувањата, интернет не го уништи детството. Наместо тоа децата и адолесцентите денес се повидливи од кога и да е. За прв пат во историјата тие имаат широк пристап до технологии кои им се потребни да си ги конструираат и контролираат животите онлајн. Оттаму, потенцијалната опасност веќе не е исчезнувањето на детството, туку ризикот децата никогаш да не сакаат (и да не можат) да пораснат.