"Случајот со Ричард Глосип покажува сè што е погрешно во врска со смртната казна во Америка", смета Сузан Сарандон која јавно упати апел тој да биде поштеден од егзекуцијата со смртносна инјекција закажана за следниот месец во Оклахома.
"Никакви материјални докази, лоши и неспособни адвокати, две лоши судења, одбиени апели заради несакањето да се признае грешка во системот," сумираше актерката која во 1995-та година доби Оскар за нејзината ролја во Dead Man Walking.
Ричард Глосип денес има 52 години. Цели 17 години чека да биде погубен од држвавата (читнете ја нашата статија "Ме уби пребавна смрт") и веќе ги има искористено сите процедурални шанси за помилување, вклучително и онаа пред Врховниот суд.
А ќе биде убиен заради убиство кое не го сторил. Едноставно, убиецот на еден човек рекол дека Глосип го нарачал тоа убиство. На тој начин, тој се спасува од смртна казна и добива доживотен затвор.
"Човек ќе биде убиен само затоа што бил накодошен од друг човек, и тоа човек кој е убиец," потенцира Сарандон надевајќи се дека со силен јавен притисок гувернерката на Оклахома сепак ќе го помилува Глосип иако тоа право претходно одби да го искористи.
Инаку, филмот се базирашње на книга од сестрата Хелен Приџин која работи со затвореници осудени на смрт. Истата таа го посетувала и Глосип и прифатила да му биде духовен сопатник во часовите пред да биде убиен.