Затоа што државата не ги убива доволно брзо.
Тоа е во суштината на одлуката на федералните судии кои сметаат дека системот за извршување смртни казни во Калифорнија е толку нефункционален и бавен што осудените на смрт ги става во ситуација да трпат "сурова и невообичаена казна" што е противуставно.
Одлуката е донесена по повод случајот на Ернеst Дивејn Џонс кој својата смрт ја чека секој ден уште од 1995-та година, кога бил осуден на таква казна.
Оваа година во САД се егзекутирани 23 лица а дури 3.000 затвореници чекаат државата да им го зеде животот.
Неколку сојузни држави неодамна се откажаа од смртната казна со што се собраа вкупно 18 држави во кои нема смртна казна.
Некои чекања се сулудо долги. Од 1978-ма година, 900 лица биле осудени на смртна казна, од нив само 13 досега се државно упокоени.
Калифорнија уште не се произнела дали ќе ја обжали одлуката на судот а извршниот директор на Информативниот центар за смртна казна си протолкува дека противуставност е најдена само во случајот на Џонс и дека тоа нема да ги спречи судовите во Калифорнија и натаму да пресудуваат смртни казни, односно да трупаат нови лица во редот на оние кои живеат само за да ја дочекаат својата смрт.