Во истражувањето на Универзитетите од Тенеси и Мисисипи, 206 жени и 113 мажи требало да опишат кога и како ја изгубиле својата невиност (колку биле подготвени за тоа, дали жалат, какви им биле чувствата околу целата работа) и во период од две недели да водат дневник во кој ќе ги опишат своите сексуални активности.
На крај резултатите покажале дека според првите искуства можело основано да се предвидат и идните физички и емоционални реакции во однос на сексот. Оние кои имале позитивни први искуства и подоцна во животот имале повисоко задоволство од сексот, додека оние со негативни искуства, биле асоцирани со пониско ниво на сексуално функционирање.
"Иако ова не докажува дека ако е добар првиот пат тоа значи дека и до крајот на животот ќе имате добар секс, сепак искуството што го има човек кога ќе ја губи својата невиност може да ги постави правилата за функционирање за понатаму во животот," објаснува професорот Метју Шафер, автор на истражувањето.