Истражување на јапонскиот национален дмеографски институт покажал дека во групата од 18 до 34 години кои не се во врска, над 40 проценти се сексуално невини.
42% од машките, 44,2% од женските.
Ваквиот масовен нејебитис фрла тешка сенка врз иднината на јапонскиот народ кој за само 5 години се има намалено за еден милион луѓе.
Јапонија има рекорден број стогодишници и генерално едно од најстарите населенија на светот (види ја статијата "Еј, старости, старости, јапонско оружје") а за да ја зголеми стапката на прираст, засега неуспешно владата има преземено низа иницијативи за охрабрување на влегувањето во брак и родителството.
Ама младиве ни сефте да направат. Пред пет години, бројот на сексуални девици меѓу младите изнесувал околу 36 проценти.
Иако е тоа земја на манга стрипчиња и високо сексуализирана поп култура (а и Мариjа Озава добро се држи), во суштина во Јапонија сè уште е доминантен конзервативизмот кој со чудење гледа на имање деца вон брачна заедница или пак на продолжување на кариерите на жените кои родиле.