До 2020-та година во Европа ќе се отворат само 8 милиони нови работни места. Ваквиот пораст ќе биде недоволен да ги задоволи потребите на сите оние кои во меѓувреме ќе станат продуктивни и високо образувани, предвидува европската агенција Цедефоп, со седиште во Солун.
Само 37 проценти од достапните работни места во 2020 година ќе бараат високо образование. "Во земјите со висока стапка на невработеност како што се Грција, Италија или Шпанија не важи ни тоа. Во овие земји разликите се бришат," предупредува директорот на агенцијата.
Пазарот на трудот во ЕУ сè уште функционира на национална основа и мал е бројот на оние кои се подготвени да се селат од државата и да побараат соодветно вработување во друга држава членка на ЕУ.
Кристијан Летмајр од Цедефоп страхува дека заради големите разлики меѓу понудата и побарувачката на пазарот на трудот, сè повеќе луѓе во Европа се сомневаат дека инвестирањата во нивното образование ќе им се исплатат.
Тој проценува дека еден од моментално најзагрижувачките трендови е преквалификуваноста за одредени работни места.
Економската криза која избувна во 2008-ма година, само во првите две години избриша 5, 5 милиони работни места во Европа. Креирањето нови работни места не ја пополнува создадената дупка а новите места се отвораат главно на двата спротивни пола на пазарот на трудот - или на најниските или на највисоките нивоа.
Главната потреба е за општи работници, не толку во индустријата колку во здравствените гранки, од причина што европското население се повеќе старее.
До 2020-та година најмногу работни места ќе исчезнат во рутинските мануелни дејности (минус 2 милиони места) и секретарско - услужни дејности (минус 1,5 милиони места). пренесува германски Велт.