Оние кои бараат работа во државите од ЕУ допрва ги чекаат тешки години, предвидува надлежната агенција. Бавниот раст на нови работни места особено тешко ќе ја погоди образуваната младина а сè повеќе луѓе се сомневаат дека инвестирањето во образованието ќе им се исплати.