Се поголемиот број на луѓе што завршуваат факултет и зголемената конкуренција за работа, ја има намалено платата на (тазе) дипломираните за 22%. Во споредбата се анализирани 17.000 британски студенти од 2006-та, и нивните колеги кои завршиле со студиите во 1999-та.
Најмал пад на вредноста имаат дипломите по медицина и право, кои изгубиле 16 односно 9 проценти, додека дипломата на студентите по уметност е падната за речиси 33%.
Додека дипломираните по медицина и стоматологија во просек заработувале по 32.447 фунти годишно, оние што се занимаваат со креативни уметности и дизајн носеле само 18.514 фунти годишно.
Во студијата на Варвик Универзитетот, анализираат дека со најавениот раст на партиципацијата на 9.000 фунти годишно, најверојатно ќе заврши и бумот на нови студенти и дека плафонот ќе остане на 250.000 дипломирани студенти годишно.
Кога го објаснуваше зголемувањето на цените на образованието, Владата тврдеше дека дипломата вреди дополнителни 200.000 фунти во работниот век на еден човек. Во истражувањето се порачува "ова тврдење не е во согласност со доказите кои ги претставуваме."